За ФСМ

КРАТКО ЗА НАС

Фото сојузот на Македонија е единствена асоцијација од областа на фотографијата во Македонија. Во неа може да се членува преку Фото клуб или како сомостоен автор – фотограф.
Формирана е 1946 година како Фото – кино сојуз на Македонија во рамките на организацијата „Народна Техника“ со задача да ја шири и унапредува фотографијата и филмот како и фотографската и кино техника во Македонија.
Во почетокот на 70-тите години Фото сојузот на Македонија се оддели како посебен сојуз поради големиот број фото клубови што постоеа во тоа време и кои бараа други форми на работа и организирање.

Членка е на ФИАП во рамките на Фото Сојузот на Југославија до 1992, а од 1995 самостојно членува во ФИАП как Фото Сојуз на Македонија.
Со гордост можеме да кажеме, дека ако се зборува за современата Македонска фотографија всушност се зборува за работата на авторите и клубовите од Фото сојузот на Македонија. Патот по кој фотографијата во Македонија прерасна од техничко занимање/ занает во самостојна уметничка дисциплина е всушност развојниот пат на фотографијата во рамките на ФСМ.

Како резултат на успешната работа на ФСМ, клубовите во Македонија и самостојните фотографи од Македонија, колекциите на Фото Сојузот на Македонија секогаш биле високо рангирани во рамките на изложбите на ФИАП, што е уште еден придонес кон афирмација на културата на Македонија.

Благодарејќи на упорната работа на клубовите и ентузијазмот на членовите на Фото сојузот денес фотографијата е уметничка дисциплина рамноправна со другите уметности, присатна во уметничките галерии и музеите и наставен предмет на факултетите за уметност.

Фото сојузот на Македонија беше и понатаму ќе биде главен двигател на новите идеи во фотографијата во Македонија.

Својата работа и во иднина ќе ја осовременува и ќе воведува нови форми соодверно на времето и развојот. Овој сајт е дел од таа заложба.

 

Раководни тела на Фото Сојуз на Македонија

Раководство

Претседател:

Боро Рудиќ

 

Подпретседател:

 

 

Секретар:

Кирил Штрков

 

Членови на претседателство на ФСМ

  Драги Неделчевски Зоран Вељановски – Летра
 Александар  Кондев Душан Доцевски

Уметнички совет

Боро Рудиќ МФ ФСМ Цветан Гавровски МФ ФСМ Душан Доцевски КМФ ФСМ 

Редакција на интернет страната:

Главен и одговорен уредник: 

Oдговорен уредник: 

Tехнички уредник: 

Членови на редакција: Александар Кондев, Ф1 ФСМ; Владимир Арсовски ФФСМ; Драги Неделчевски Ф1 ФСМ

Адреса: Градски зид, Блок 5, Народна Техника на Македонија
е-маил: fotosojuz.mk@gmail.com:

 

Comments are closed.