Фото клуб „Стеван Наумов-Стив“-Битола

Фотоклубот „Стеван Наумов-Стив“-Битола како членка на Народна техника-Битола оваа година прославува 65 години од формирањето на првата фототехничка секција формирана во рамките Народна техника- Битола во 1950 година. За развојот на фотографијата и работата на фотосекциите во Народна техника-Битола среќаваме низа податоци, имиња на творци кои оставиле белег во животот на градот и неговото овековечување и добивање уметнички третман низ објективот на фотоапаратот.

Некаде при крајот на седумдесетитте, покрената е иницијатива за организирање на секциите и фотоентузијастите во клуб. Така на 15.03.1979 година во рамките на Народна техника-Битола е формиран Фотоклубот „Стeван Наумов-Стив“.

Секоја година клубот организира фотошкола со 20 посетители, на која се изучуваат основите на фотографијата. Многумина Битолчани првите контакти со фотографијата ги имале токму во Фотоклубот „Стеван Наумов-Стив“. На многу од нив фотографијата им станала или животна професија или пак хоби кои им носи задоволство, но и награди од учества на разни изложби, натпревари, фотофестивали. Исто така, дел од некогашните почетници од овој фотоклуб, станале студенти на некои од Факултетите за фотографија во Скопје, Хрватска, Словенија, Романија, Бугарија.

 

ФОТО КЛУБ „СТЕВАН НАУМОВ-СТИВ“-БИТОЛА

е-маил: fotoklubbitola@yahoo.com


Претседател: Митре Бендевски

Секретар: Томислав Наумовски, tomislavn@hotmail.com


Членови на клубот:

Почесни членови:

Кире Ѓеорѓиевски

Проф. Д-р Александар Стерјовски

Проф. Д-р Никола В. Димитров

Петар Ставрев

Атанас Нашоку – Саку

Васко Христовски

Стојан Стројановски

Стефан Хаџи Андоновски

Илче Ќурчиевски

Сузана Елковска

Активни членови:

1. Митре Бендевски

2. Никола Новачевски

3. Вера Христовска

4. Томислав Наумовски

5. Илина Наумова

6. Сташа Божиновска

7. Илче Блажевски

8. Марија Јовчевска

9. Димитар Стиснијовски

10. Атанас Ацевски

11. Ивона Цветковска

12. Стефан Талевски

13. Софија Клашевска

14. Ана Атанасовска

15. Марија Јуруковска

16. Марија Ќурчиевска

17. Елена Христовска

18. Филип илиевски

19. Христијана Стојановска

20. Бојана Исијанин

21. Никола Бендевски

22. Сандра Дамчева

23. Климентина Патче

24. Никола Козаревски

25. Уна Николоска

26. Иво Велчевски

 

Comments are closed.