ФКК – Прилеп

 

За клубот:

Од 29.10.1984 година во Прилеп дејствува Фото кино клубот, којшто во својот развоен пат бележи спојување меѓу фото клубот „Златоврв“ и кино клубот „ЕДЕЛВАЈС“, а се со цел за интегрирање на активностите и обезбедување побогата содржина.

Имено, почетоците од неговото функционирање се поврзани со организирање  курсеви за фото и кино техника, а подоцна и со преземање иницијативи за асоцирање во одделни сојузи. Така, денес, тој е членка на Сојузот на организации на техничка култура, членка на Фото сојузот на Р. Македонија и  Кино  сојузот на Р. Македонија. Во ,90. години на 20. век Клубот достигнува најголеми остварувања, така што бил организатор на изложби и фестивали, а исто така и организатор на државни изложби. Имено, во 2001 год. тој бил домаќин и организатор на фестивалот ДЕНОВИ НА НЕПРОФЕСИОНАЛЕН ФИЛМ.

Големиот број изложби, организирани од негова страна, придонесуваат за промовирање на неговата ангажираност, но и придонес во сеопштиот контакт со активистите од различни уметнички средини, чијашто преокупација се фотографиите и кино проекциите.

Така, секоја година  Клубот зема активно учество на олимпијадата Смотри на млади техничари – природници каде што забележува значителни резултати.

Во тој контекст може да се спомене  дека во 2000 год. Клубот учествуваше на ЗЛАТНА КАМЕРА 300, каде што освои Грандпри за филмот „Нема разлика“ .

Истата  2000. год. на фестивалот во Омољица ZISEL 2000  ја освои наградата за филмот ДОДЕКА НАДЕЖТА ЖИВЕЕ.

Минатата година ,2012, забележана е како успешна НА КАМЕРА 300, кога Клубот се закити со ЗЛАТНА ПЛАКЕТА ЗА КАМЕРА.

Сите овие и некои други придружни активности јасно заборуваат за значењето на Клубот во нашата средина, зашто тој има  евидентни заслуги за развој на оваа област, но истовремено ја претставуваат и неговата визија за идните развојни перспективи.

 

Фото кино клуб ”Прилеп” – Прилеп

Адреса: ул. Димо Наредникот бр 405 втор спрат – Зграда Симпо (Народна Техника)- Прилеп

е-маил: fkkprilep@gmail.com

веб страна: www.fkkprilep.mk


Претседател: Сашко Попоски

Секретар: Сашо Бошкоски


Претседателство:

Оливер Ангелски

Зоран Пилоски

Мери Боскоска

Славчо Лазески

Членови на клубот:

1. Димитар Ристески

16. Николче Ристески

2. Божидар Барлакоски 17. Дарко Ангелески
3. Христијан Конески 18. Илчо Јошески
4. Славчо Лазоски 19. Роберт Маркоски
5. Кирил Наумоски 20. Дејан Пацаноски
6. Сашко Попоски 21. Габриел Стојаноски
7. Сашо Бошкоски 22. Жељо Чупарко
8. Оливер Ангелески 23. Горан Ковевски
9. Гоце Бојкоски 24. Коста Мијоски
10. Кристијан Димовски 25. Дарко Митрески
11. Димитар Мендизовски 26. Стефан Н. Димитров
12. Зоран Пилоски 27. Гоце Трајкоски
13. Горан Петровски  
14. Мики Николоски  
15. Виктор Керов  
   

Comments are closed.