Авторска фотографија


Боро Рудиќ – изложба во Софија

Магијата на фотографијата се крие во процесот на создавањето. Таа зрачи. Тоа на прв поглед не се забележува, но таа зрачи од секој нејзин дел.

Фотографијата всушност настанува во некој реален простор, во реално време, со реална перспектива на просторот, но сета таа “реалност“ кога ќе се сублимира во имагинацијата на Авторот, станува  визуелен  предизвик , приказна, односно, слоевит приказ на сето она што го инспирира, возбудува и го принудува да се искаже.

“Појавување и Исчезнување“ е изложба на зрел Автор кој со своето искуство и со своето творештво влегол во период, кој бара од авторот во процесот на создавање на фотографијата, да оди подлабоко во восприемањето на нештата, нивната симболика и порака, допирајќи дури до митското и магиското, кое и покрај сè  и денес е длабоко во нас.

Displaying Untitled_Panorama1 (2).jpg

Фотос е светло, графос е пишување, фотографија е цртање со светло, најсимплифицарана дефиниција на медиумот. И прифаќајќи  ја оваа наједноставна дефиниција, авторот зема храброст да се втурне во авантурата за да ја каже својата приказна за исконската природа, која секогаш нè победува со својата сложеност и тајновитост.

Боро Рудиќ, едноставно, со фотоапаратот го бара мотивот сокриен во ноќта, подалеку од градот, ослободена од вревата и шумот што ја скрнават убавината, и полека како старите раскажувачи, го става фотоапаратот на троножец и со светлото во рака, полека, дел по дел, ја одкрива и раскажува за скриената убавина, потенцирајќи или намалувајќи го интензитетот кон  предизвикот од природата, исто како раскажувачите во минатите времиња, навечер, покрај оган, кога е време за приказни и бајки…Затоа и фотографиите потсетуваат на нив. Да, сè е како што е во природата, и водата и небото, карпите и шумата, ама некако нестварно, видено од еден друг агол, нестварно како еден свет од соништата, а сепак препознатлив и конкретен..

За да се напише ена ваква “Збирка“ од приказни, потребни се денови и денови  размислување, разгледување на просторот, вдишување на воздухот и гледање во ѕвездите и Месечината… цели четири години во потрага по сокриените слики во ноќта кои требаа да се откријат и зачуваат.

Displaying Panorama spreda.jpg

Но на крајот пред нас блеснува природата со сета своја убавина, сокриената нежност и раскош, преточена во слики кои го пленат нашиот поглед.

Овие фотографии преточени во една ретко убава изложба и една несекојдневна монографија, оставаат длабок впечаток.

После Белград и Скопје, во Софија, во рамките на “Месец на фотографија“, секако најголема и најзначајна  фотографска манифестација во соседна Бугарија, на 26. јуни о.г. е отворена Изложбата на фотографии “Појавување и Исчезнување“ во Галеријата “Индустриална 11“, во присуство на членовите на Фотографската академија на Бугарија,   како и други автори и љубители на фотографијата.

Изложбата беше одлично примена и доби ласкави оцени од колегите и публиката.

 

 

Александар Кондев

Пронајдете го својот израз

Ве водиме низ фотографските искуства на еден автор кој во текстот кој го поврзуваме подолу ги споделува своите искуства во барањето на сопствената фотографска визија. Повеќе »

52 Мајстори на фотографијата – Двејн Мајклс

„Јас сум заинтересиран во природата на нештата. Природата на нештото е сосем различно од тоа како тоа изгледа. “ Двејн Мајклс.  Повеќе »

Tagged ,

52 Мајстори на фотографијата – Џејмс Начвеј

„Бев сведок и овие фотографии се мојотт естамент. Настаните кои ги забележав не треба да се заборават и не смеат да се повторат.“ Џејмс Начвеј  Повеќе »

Македонски времеплов, нормално со помош на фотографија

Често поставуваме линкови од разни купчиња на стари фотографии. Веруваме дека особено може да се научи за фотографијата доколку се има еден дистанциран поглед, Повеќе »

Tagged

Стара српска фотографија

Погледнете како позира Његош, Доситеј Обрадиновиќ (каква зверка!) или кнезот Михајло, кнегињата Јулија и неколку непознати ликови. Повеќе »

Tagged ,

52 Мајстори на фотографијата – Август Зандер

„Во фотографијата нема сенки што не можат да бидат осветлени. “Август Зандер Повеќе »

Tagged ,

52 Мајстори на фотографијата – Александар Родченко

„Мора да се снимат неколку различни фотографии од предметот на снимањето, од различни точки на гледање и ово различни ситуации, да се разгледа предметот од сите страни, а не постојано да го гледаме низ иста клучалка.“ Александар Родченко Повеќе »

52 Мајстори на фотографијата – Дајен Арбас

„Фотографијата е тајна за тајната. Колку повеќе ти кажува, толку помалку знаеш.“ Дајен Арбас.

Повеќе »

52 Мајстори на фотографијата – Роберт Френк

„Секоја фотографија мора да има една карактеристика, а тоа е човечноста на моментот. Ова е реализам во фотографијата. Но, реализмот не е доволен. Покрај него мора да постои и визија, и тоагш овие два елемента ја сочинуваат добрата фотографија.“  Повеќе »

Tagged , ,