ФК Елема

Фото клубот „Елема“ е оформен во 1962 година од група студенти на Електротехничкиот и Машинскиот факултет во Скопје. Денес клубот е сѐ уште со седиште во просториите на факултетот, но претставува отворен клуб за сите заинтересирани фото љубители. Брои триесетина членови со различна возраст и професија, но со една заедничка љубов – фотографијата.
Клубот претставува место каде почетниците и професионалните фотографи еднаш неделно се сретнуваат, разговараат за различни теми од области на фотографијата, вреднуваат и коментираат фотографии, си помагаат едни на други или едноставно се дружат. Членовите на клубот со своите учества и добиени награди на домашни и меѓународни изложби постојано го потврдуваат својот талент и чувство за естетските својства на фотографијата. „Елема“ меѓу своите членови има 5 носители на фотографското звање Ф2 ФСМ, 5 носители на звањето Ф1 ФСМ и двајца мајстори на фотографија – МФ ФСМ.
Соработката на фотографскиот клуб „Елема“ и Електротехничкиот и Машинскиот факултет се потврдува и со годишната изложба која клубот ја организира во просториите на факултетот. Членовите на клубот секоја година се претставуваат и во една од уметничките галерии во Скопје.
Сепак, најпрестижната од сите изложби организирани од членовите на овој клуб е биеналето „Фотомедиа“. Меѓународната изложба на принтови „Фотомедиа“ се организира секоја втора година започнувајќи од 1988-та година. Од 1996 год. е под патронажа на FIAP, а каталогот од последните четири изложби (2002, 2004, 2008 и 2010 година) е оценет со по 5 ѕвезди од страна на FIAP, ставајќи ја со тоа Фотомедиа 2008, како една од 15те најпрестижни изложби во светот, кои ја добиле истата оценка.

„Елема“ соработува со голем број на клубови во државата и надвор од неа, учествува на голем број изложби и конкурси и на своите членови им нуди можност да го покажат својот талент и да чекорат напред во светот на фотографијата.

Членови:

Уметнички совет:

  • Цветан Гавровски
  • Боро Рудиќ
  • Раде Луковиќ

Comments are closed.