Да се има стил

Михајло Филиповиќ , Офицер за врска со ФИАП на Фото сојуз на Македонија

Да се има стил

  Зборот СТИЛ се темели на своето денешно толкување на латинскиот збор stilus  што означува шилец  кој се користел за цртање и пишување на глинени плочи.

Речниците ја откриваат дефиницијата на поимот стил :

  • поинаков начин на изразување;
  • поинаков начин, или обичај на однесување;
  • посебен начин на живот;
  • различен начин или техника со која нешто е направено, создадено, или изведено;
  • дефиниција (наслов)…но исто така и да се додели (на себе) име, титула …“дури и кога тоа вистински  не го зaслужуваш “

Значи, што е стил во фотографијата? Зошто толку луѓе се трудат да “имаат стил“? И како тогаш толку потполно и жално не успеваат да створат таква разлика?

Ајде да се обидеме да откриеме.

Прво, постои таа јака желба работите да се направат поинаку. Нема во тоа ништо лошо, секако, освен што фотографијата има толку многу поинакви што тоа нешто станува неописливо тешко. Нечиј личен стил е единствено препознатлив кога тоа  е толку очигледно ново што неможе да се спореди со ништо претходно видено.

Од другa страна, знаеме дека многу милиони луѓе прават фотографии баш во овој момент. Секоја поединечна фотографија е различна од аспект на тема, светло, објект, локација, технички начини, пристап, кадрирање, или бои.

Сите тие ново настанати слики опишуваат момент во животот на секој поединечен фотограф. Дури и кога сите тие луѓе би фотографирале иста тема, резултатите би биле многу различни, бидејќи нашите моменти се наши, сопствени! Заради тоа и ги покажуваме фотографиите и пред се`, се обидуваме  да го споредиме познатото, оцениме очигледното и така си кажеме едни на други за начинот на кој гледаме на нашиот свет. Ни во тоа нема ништо лошо!

Значи, со сите тие елементи кои ја прават секоја слика различна, зошто стил ?

Социалниот дел на нашите животи е креиран да го нагласи елементот на натпревар, иако тоа не е корисно во сите работи кои ги правиме! Натпреварот, често, е само постојано ехо на други работи во нашата социална интеракција; начинот на кој работиме кој се пренесува и во оние подрачја на нашето постоење каде што натпреварот нема многу смисол.

Да се види и толкува она што е воочено, тоа е сржта на секоја уметност усмерена на визуелна проценка. Ќе забележиме колку нашите околности: образованието, школо, полиња  на интерес  комбинирано со техничките  аспекти  на сите камери кој се во употреба, не прави сите нас единствени! Во нашиот сопствен физички, интелектуален духовен свет, доживуваме се`на единствен начин, без обзир на фактот што делиме исто место и време!

Нашите фотографии ги презентираме во електронска, или материјална форма, преку интернет, или изложби, весници, магазини, или ТВ … И сите користиме, воглавно, исти алатки за обработка за да ги вообличиме нашите дела пред да ги покажеме на гледачите.

Поентата ми е дека единственоста на секоја слика е нешто што неможе да се повтори, копира, или имитира. Има повеќе од премногу фактори кои ги одредуваат нашите погледи (записи), па  и толкувања се  доволно различни, така  да нашите искрени и разбирливи напори да ги презентираме нашите фотографски дела едноставно не е можно да се реплицира.

И без оглед на тоа, натпреварувачкиот начин на размислување не тера да создаваме се` повеќе различности, само за да се поставиме што подалеку од она што сметаме дека е некакво “купче“ . Упорно забораваме дека сме веќе и сега толку единствени да нема ни една особа во Вселената која постои во еднакви фотографски, или други околности! Тие едниствени околности на живеење го одредуваат нашиот избор на теми и пристапот кон нив.

Сепак, има еден и само еден начин за постигнување на сопствен стил. Тој се појавува низ напорот на обликување на начинот на кој ги гледаме работите. Не мислам на визуелно ниту фотографско гледање; мислам на тоа како го разбираме тоа што го гледаме. Тоа и само тоа може да го смени начинот на нашето визуелно толкување (тоест фотографирање) на нашите теми, за да последувателно нашиот фотографски израз стане нов и интересен.

Тие посебно негувани  квалитети, понекогаш засилени со талент можат да бидат опишани како потенцијал на одреден стил. И бидејќи тоа лежи во начинот на размислување истото станува централен елемент на она што претставува разлика која ѓи одделува сите фотографи. Тоа неможе да се имитира .

Никакви филтери, ефекти, или трикови неможат да станат, или да го заменат вистинскиот стил, бидејќи филтрите не се дел од личното искуство и така тоа станува лага. Што и да се направи со фотографијата во пост-процесирање неможе да се нарече стил, дури и ако е присутно во сите дела на фотографот. Наместо тоа, тоа ќе сведочи за донкихотската борба за имагинарниот поим,  кој со тоа неможеш да го замениш. Стилот доаѓа низ  тешка работа врз себе – а таа работа започнува многу порано од  самото притискање на окинувачот на камерата. 

Фотографите за кои чувствуваме дека имаат вистински стил имаат работено на својата Уметност на гледање и тоа не само низ окцето на своите камери. Нивната работа станува специјална како заслуга на нивната душа, и ние тоа лесно го препознаваме како стил; авторски квалитет на пристапот кон визуелното чувство на светот.

Можеби зaбележувате дека не спомнувам камери, објективи, филтри… Во право сте доколку мислите дека овие алати не припаѓаат на оваа тема. Најубавите песни можат да се изгребат на зид со помош на рѓосана шајка, но ни најскапото перо на светот нема да гарантира квалитетно изразени мисли. Во секоја уметност е најмалку 90% авторот; и каков и да е алат користен неможе да значи повеќе од севкупноста на произведеното дело.

И конечно, вреди ли да се има стил?

Можеби… но тоа не e нешто по кое што треба да се трча, бидејќи ќе стане уште понедостижно.

Но, стилот може да се однегува, еднакво како и голем број други вредни работи; со помош на талент, пот и солзи.

Михајло Филиповиќ – Офицер за врска со ФИАП на Фото Сојуз на Македонија

Оригиналниот текст на англиски можете да го погледнете тука:

https://www.traveldailylife.com/to-have-a-style-20202

Оваа статија е објавена во Колумни.

Comments are closed.