За нас

Фото Сојузот на Македонија е единствена асоцијација од областа на фотографијата во Македонија. Во неа може да се членува преку Фото клуб или како сомостоен автор – фотограф.
Формиран е 1946 година како Фото – кино сојуз на Македонија во рамките на организацијата „Народна Техника“ со задача да ја шири и унапредува фотографијата и филмот како и фотографската и кино техника во Македонија.
Во почетокот на 70-тите години Фото сојузот на Македонија се оддели како посебен сојуз поради големиот број фото клубови што постоеа во тоа време и кои бараа други форми на работа и организирање.

Член е на ФИАП во рамките на Фото Сојузот на Југославија до 1992, а од 1995 самостојно членува во ФИАП како Фото Сојуз на Македонија. 

Со самото тоа сите членови на Фото Сојуз на Македонија можат да конкурираат за добивање на титули во рамките на ФИАП .

                                ФИАП (FIAP) –  Fédération Internationale de l’Art Photographique,

(Eng. The International Federation of Photographic Art), е интернационална организација на национални репрезенти на арт фотографијата.

Во оваа светска асоцијација членуваат 91 национална асоцијациja со членство кое опфаќа над милион членови. Основана е 1946 година. По осамостојувањето на Р Македонија, Фото Сојузот на Македонија (ФСМ) го реобнови членството во ФИАП во 1995 година.

ФСМ е единствен национален репрезент на арт фотографијата во светската федерација ФИАП.

ФИАП организира бројни меѓународни изложби по строго дефинирани критериуми регулирани со Правилник. Врз основа на учество на вакви конкурсни изложби секој учесник зависно од примени фотографии на ФИАП салоните (Салони кои имаат ФИАП патронат) остварува поени и се стекнува со меѓународен рејтинг. Врз основа на стекнатиот рејтинг се стекнува со меѓународно верификувано звање:

AFIAP – Уметник на ФИАП (Artist FIAP)

EFIAP – Екселенција на ФИАП (Excellence FIAP)

MFIAP – Мајстор на ФИАП (Master FIAP)

 

 

Звање Кратенка
Artist FIAP AFIAP
Excellence FIAP EFIAP
Excellence FIAP Bronze EFIAP/b
Excellence FIAP Silver EFIAP/s
Excellence FIAP Gold EFIAP/g
Excellence FIAP Platinum EFIAP/p
Excellence FIAP Diamond 1 EFIAP/d1
Excellence FIA*P Diamond 2 EFIAP/d2
Excellence FIAP Diamond 3 EFIAP/d3
Master FIAP MFIAP

 

Со гордост можеме да кажеме, дека доколку се зборува за современата македонска фотографија всушност се зборува за работата на авторите и клубовите од Фото сојузот на Македонија. Патот по кој фотографијата во Македонија прерасна од техничко занимање/занает во самостојна уметничка дисциплина е всушност развојниот пат на фотографијата во рамките на ФСМ.

Како резултат на успешната работа на ФСМ, клубовите во Македонија и самостојните фотографи од Македонија, колекциите на Фото Сојузот на Македонија секогаш биле високо рангирани во рамките на изложбите на ФИАП, што е уште еден придонес кон афирмација на културата на Македонија.

 

 

 

 

„Фото сојуз на Македонија“ , најстарата и најмасовна организација во областа на фоотографијата , како неодминлив дел на македонската култура и историја оваа 2021  година  го слави 75 годишното постоење. Основана далечната 1946 година како Кино-фото сојуз на Македонија соосновач е на Народна техника , денешен Сојуз на здруженијата на техничка култура на Македонија. Од редовите на ФСМ излегоа доајените на македонската повоена фотографија, кои оставиа неизбришлива трага во колктивната меморија. Основана на темелите на отвореност , непрофитабилност, ентузијазам и креативност преку своите многубројни автори ги даде карактеристикита на она што се нарекува  „Македонска фотографија“ , разноличност од идеи и теми, техники и пристапи, богатство и невкалупеност на тенденции.

 

Повеќе >>

Зошто треба да се членува во Фото Сојузот?

Према статутот на Фото Сојуз на Македонија, може да се членува како:

  • член на фото клуб или фото група, а преку него колективно се членува во ФСМ
  • или како самостоен   автор, каде директно се  членува во ФСМ

Можност за самостоен автор е предвидена, за оние членови на Фото сојузот кои сакаат да бидат дел од организација, но од одредени причини не сакаат или неможат  да  делуваат преку фото клубовите или фото групи .

Самостојниот автор е изедначен со правата и обврските со другите членови на ФСМ.

Фото сојузот на Македонија на сите клубови и поединци членови на овој сојуз им го овозможува следното:

  • Право да делегира и да бира членови во Председателство  на Фото Сојузот на Македонија,
  • Организирана презентација во рамките на државата (тоа е единствен и најстар струковен сојуз  пред државните органи),
  • Настап на сите изложби во земјата и во странство каде нашиот сојуз членува,
  • Учество на изложби организирани од FIAP – преку колекции одбрани од Уметничкиот совет на Фото Сојуз на Македонија
  • Добивање на членска карта, со која му се овозможува непречено снимање,  како и доказ пред други лица дека е член на ФСМ,
  • Учество на семинари кои сојузот ги организира во земјата,
  • Можност да се учествува на мегународните семинари и  изложби за кои сме добиле покана за учество,
  • Билатерална или мултилатерална соработка со клубовите од земјата и од странство,
  • Користење на средствата и искуствата што сојузот ги поседува.
  • Колективно членување во меѓународните институции – FIAP (The International Federation of Photographic Art ),
  • Право  за добивање меѓународни фотографски звања според правилникот на FIAP,
  • Право за добивање  фотографски звања според правилникот на ФСМ,

Секој член на ФСМ е должен:

  • Да го почитува  Статутот на ФСМ
  • Да ги извршува одлуки на органите на ФСМ
  • Да работи на унапредување на фотографијата во рамките на своја средина
  • Редовно плаќање на членарина

 

Непочитување на статутарните обврски повлекува престанок на членство во Фото Сојуз на Македонија.

Членство престанува и по барање на членот или членка на сојузот.

 

ПРАКТИКУМ
за основање, организирање и работа
на фото клуб во рамките на
Фото Сојузот на Македонија

Фото Сојузот на Македонија постои повеке од 75 години. Во текот на овој период се стекнаа одредени искуства кои подолу во кратка форма ке ги изнесеме.

Творењето во рамките на фото клубови е најефикасно и најплодотворно од повеќе аспекти ( општествени, педагошки, едукативни… ).

Затоа работењето на постоечките клубови и формирањето на нови клубови е од витално значење за Фото Сојузот.

Преку фото клубовите се подига квалитетот на едукација на новите  генерации, а во исто време претставуваат место за дружење и активно работење.

Исто така тие овозможуваат спроведување на поставената програма  на еден многу поорганизиран начин, како и  сериозен и авторитативен пристап кон обезбедување на финансии преку фондовите  во рамките на Министерството за култура, Министерство за наука и образование, Влада на Република Македонија.локалната самоуправа и други невладини организации.

 

ФОРМИРАЊЕ НА ФОТО КЛУБ

За да се  формира фото клуб потребно е:

  • да се оформи иницијатевен одбор од минимум 5 оснивачи,
  • Иницијативниот одбор свикува Основачко собрание,
  • Записник од Оснивачко собрание,
  • Список на присуни членови,
  • Одлука за потписник,
  • Одлука за избор на председател,
  • Статут на клубот ( треба да е усогласен со стаут на ФСМ ),
  • Во записник да стои име на Фото клубот (од Централен Регисатар или преку http://www.crm.com.mk/namereservation/ да се провери да такво име непостои и да се резервира име на клубот,
  • По регистрацијата клубот се зачленува(со пополнување на пристапница) во Фото сојузот на Македонија, каде станува полноправен член и  работи спрема Статутот на Фото Сојуз

 

Напомена: Најдобро е сите детални информации  околу оснивање на здружение на граѓани да ги побарате во Централен Регистар.

ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ФОТО КЛУБ

Фото клубот се организира со цел да се овозможи негување на фотографијата на еден поцеловит и посистематски начин, организирано проучување и унапредување на фотографската уметност, како и можност групно  или поединечно да се презентира и  излага творештвото на членовите на клубот.

Одлуките за активностите  ги донесува Председателство на фото клуб, а ги реализираат овластените лица ( претседателот, секретарот или некој друг член ) како и надзорен одбор и уметнички совет

Но секако, најбитна е секојдневната активност во клубот која се состои во следното :

  • Примање на нови членови,
  • Организирање на семинари,
  • Организирање на снимања во  клубот или на некоја локација,
  • Размена на искуства помеѓу членови на клубот,
  • Соработка со други клубови,
  • Организирање на изложби
  • Активности во  изнаоѓање на форми на финансирање,
  • Меѓународна активност и
  • други активносто кои ќе се реализираат во зависност од потребите.

 

22.01.2010, Скопје                                                  Фото Сојуз на Македонија

Comments are closed.