Занимливости
Денес се слави светскиот Ден на фотографијата
Благ притисок на копчето, зрак на светлина и момент заробен засекогаш. Можеби дигитално, можеби на филм, медиумот никогаш не е толку важен како сеќавањето, или фатениот моментот. Без обзир што е објектот на фотографирањето, фотографијата е начин да се почувствуваат емоциите и контекстот на тој точен момент. Прославете го тоа на овој живописен ден на фотографијата!
Денот на фотографијата е ден со кој му оддаваме почит на неверојатната уметничка форма каква што е фотографијата. Само размислете колку е важна фотографијата и не е тешко да се види зошто овој датум е важен.
Сите имаме лични фотографии кои ги сакаме и негуваме, но има и фотографии кои раскажуваат приказна. Тие ни кажуваат за значајни периоди во времето, или ни овозможуваат да научиме повеќе за планетата. На крајот на краиштата, тие велат дека сликата вреди илјада зборови, нели?
Фотографиите со текот на годините стануваат се подобри и подобри, прво со „статична камера“ и можност да се сликаат на тој начин.Тоа не тера да размислиме за разликите на таа камера со оние од Втората светска војна,а потоа споредете ги со модерните камери. Најголемите скокови во технологијата влијаеја на фотографијата исто како и врз секој друг аспект на животот .
Со Kodak, Canon и многу други брендови, не беше изненадување кога пазарот на фотографија доживеа огромен скок, а уште повеќе со дигиталните можности што се нудат, бидејќи камерите станаа се подобри, полесни и едноставни за користење.
Сепак, покрај сите иновации и креативност, наука, па дури и големата уметност што се јавува во сферата на фотографијата, најважно е едноставното задоволство од фотографирањето ,но и можноста за развој на вашите спсобности да уживате во униктноста на фотографиите.
Како да се слави Денот на фотографијата
Зошто сами да не излезете и да фотографирате неколку слики? Пронајдете постара камера и уживајте во чувството и изгледот на филмот од 35мм. Прошетајте и фотографирајте неколку слики за да го зачувате времето во фотографска форма. Направете колаж, кој е мешавина од слики, понекогаш исечени на различни форми од вообичаените правоаголници на фотографии.
Одете во природа, или во зоолошката градина. Можеби некои семејни фотографии;. Или одете во музеј за фотографија, доколку имате во близина да го посетите.
Затоа, излезете, снимете неколку фотографии и можеби ќе снимите „историја“ на годинашниот Ден на фотографија!
Ако сте пак некој кој сака да гледа фотографии, наместо да ги фотографира, или да биде дел од нив, ние ве охрабрувавме да поминете некое време на Интернет, гледајќи во некои од најпознатите фотографии и влијателни автори на сите времиња. Има толку многу иконични фотографии, а вие ќе бидете фасцинирани од нив. Некои од фотографиите се од срце, а други за срце, а некои се само чисти фасцинантни!
Во секој случај, сите можеме да ги цениме!
Објавете фотка на National Geographic Traveler
Сакате ваша фотографија на ова култно списание? Повеќе »
XF Camera System – Phase One
Новата ѕверка во тешка категорија. Повеќе »
25 години Фотошоп!
Поминаа 25 години од излегувањето на првата верзија на Adobe Photoshop. Во продолжение погледнете едно навидум забавно видео за омилената алатка на многу фотографи, кое сепак поставува многу фундаментални прашања. Колку технологијата не прави зависни, мрзливи, какво влијание има врз креативноста?
Уживајте!
Мистеријата Маер
Колку често ви се случило да се обидете да побарате нешто на интернет и да не најдете ништо? Скоро никогаш нели? И нормално е. Во едно вакво време кога секојдневно се предозираме со потребни и непотребни информации, една таква ситуација ни е незамислива. Но можноста за да се случи не е исклучена. Пред еден таков предизвик се поставил John Maloof купувајќи кутија со негативи на една од аукциите кои често ги посетувал. Името Vivian Maier не значело ништо ни за него, ни за неговиот пријател Гугл. За среќа, го следел неговиот инстинкт до крај за денес целиот свет да ја знае приказната за дадилката фотографка од Чикаго – Vivian Maier.
Парадоксална, храбра, ексцентрична, повлечена, мистериозна. Со овие описни придавки започнува документарниот филм на John Maloof- Finding Vivian Maier.Станува збор за една мистериозна жена која се испоставува дека всушност работела како дадилка во Чикаго, постојано негувајќи ја својата страст – фотографијата, а нејзината посветеност резултирала со 150 000 негативи со кои не правела ништо освен што ги чувала. Планот на Џон да стигне до информацијата кому му припаѓаат сите тие генијални фотографии, по првите неколку интервјуа (со децата кои што ги чувала) добива сосема нов правец. Во сликата која тој си ја формирал за оваа жена веќе се наѕира двојна експозиција.
Vivian Maier, родена во Њујорк во семејство на мајка Французинка и татко Австриец, поголемиот дел од својот живот го минува во Чикаго зборувајќи англиски со француски акцент. И ако ова ви звучи комплицирано, треба да го погледнете филмот за да сфатите со што се‘ требало да се справи Џон. Таа по природа не била комуникатива личност и како средство за комуникација го користела нејзиниот Rolleiflex фотоапарат со кој успевала доста елоквентно да се изрази само што упорно одбивала да биде слушната. Таа го документирала духот на нејзината сегашност и ритамот на неколку декади во Чикаго. Во секоја фотографија впечатлива е нејзината сеприсутност со тоа што таа одбива воајеристички да ги раскажува туѓите приказни. Нејзините објекти се свесни за нејзиното навлегување во нивниот личен простор и немаат никаков проблем со тоа. Секоја нејзина фотографија е кратко сиже за нечие животно искуствораскажано преку чистата емоција. Покрај фотографиите од нејзиното опкружување, таа инсистирала да се прикаже и себе си како интегрален дел од средината, а тоа го постигнала со своите автопортрети и тоа фотографирајќи ги своите рефлексии од огледа и излози. Во овие прикази забележлива е нејзината ексцнетричност која всушност е ненамерна. Едноставно, оваа многу висока дадилка сакала да носи широка облека, големи палта и шешири. Но сепак, најважната разлика меѓу автопортретите и нејзините останати фотографии е безизразноста на нејзиното лице во споредба со експресивноста на оние кои ја опкружувале. Безизразност која го навестува данокот што го ќе го плати нејзината генијалност на уметноста. Нејзиното одбивање да разговара за себе си и своите чувства со било кого, отсутноста на семејство и пријатели и од друга страна сведочење на толку туѓи животни искуства, кон крајот на нејзиниот живот, се манифестираат во лудило. Во суштина, кога Мајер не го компонирала својот следен кадар, била ладна, строга, затворена па можеби и исплашена, па не е ни чудо што зад себе оставила толку големо творештво. Тоа што одбивала истото да го покаже дополнително говори како фотографијата било нејзиното средство запреживување.
Невозможно е накратко и јасно да се пренесе нејзината приказна тука, а нема ни да се обидам бидејќи тоа совршено добро го направил John Maloof.И покрај тоа што тој нема претходно искуство со филмската уметност, успева одлично да се справи со сите правци на ветрот кои му ги носи ова патување. Неговата упорност резултира со едно јасно и концизно раскажување на туѓа приказна што е за пофалба доколку се земат во предвид комплексноста на самата личност, многубројноста на животите од кои била дел од кои пак произлегуваат најразлични верзии за она што таа го правела и она што навистина била. Покрај снимањето на овој документарен филм, Maloofуспеал (иако постхумно) да и‘ го донесе вниманието на Vivianкое можеби не го побарала, но дефинитивно го заслужува. Изложби на нејзините фотографии се поставуваат во познати галерии низ целиот свет, а покрај фотографиите останува и овој документарен филм вечно да ја раскажува нејзината приказна. Дефинитвно, вреди да се погледне!
Јована Мишкоска via plagij.at
52 Мајстори на фотографијата – Жанлу Сјеф
„Ме интересираат сите аспекти на фотографијата и јас ја чувствувам истата љубопитност за женското тело и истата љубопитност и љубов за пејзажот. Повеќе »
Истражување за уличари-фотографи
Ако сте по статистики, повелете една интересна за таканаречените стрит-фотографи. Повеќе »
Пронајдете го својот израз
Ве водиме низ фотографските искуства на еден автор кој во текстот кој го поврзуваме подолу ги споделува своите искуства во барањето на сопствената фотографска визија. Повеќе »
52 Мајстори на фотографијата – Двејн Мајклс
„Јас сум заинтересиран во природата на нештата. Природата на нештото е сосем различно од тоа како тоа изгледа. “ Двејн Мајклс. Повеќе »