Зачленување во ФСМ

Како да уплатите годишна членарина на ФСМ?

На Годишното собрание на Фото Сојузот на Македонија, одржано на 27.02.2010 година донесена е одлука за плаќања на годишна членарина на сите фотографи кои сакаат да бидат членови на Фото Сојузот на Македонија а со тоа да се здобијат со сите права и привилегии со членување во ФСМ.

Забелешка:  по едногодишна примена на линеарно плаќање на членарината , Собранието на ФСМ на својата седница од 13.12.2020г ја смени оваа одлука и сега ги имаме следните износи

 

-за член на фотоклуб/група во рамките на ФСМ   600 денари

– за самостојни автори                                                   1000 денари

 доколку се плати во тековната година (Г)

 

-Плаќањето наназад (од 1 до 3 год.  (Г-1 Г-2 и Г-3 )) да биде 1000 денари

-Плаќањето наназад (од 4 до 5 години  (Г-4  Г-5 )) да биде    1500 денари.

-Плаќањето за повеќе од пет години наназад да биде решавано на Собрание

 

-За млади фотографи до 18 години  важи попуст од 50 %

 

.

Во оваа сума е вклучено и печатење на пластична членска карта.

Постапка за зачленување:
Пополнете ја апликацијата прикажана

Пристапница самостоен член

Пристапница Фото клуб

Испрате ја копијата на уплатницата како и лична фотографија со димензии 3×4 cm, резолуциja 300 ppi за да можеме да Ви издадеме членска карта. Ако сакате со Вашите фотографии да се представите во галерија на страната на Фото Сојузот, испратете ни најмногу 10 фотографии со димензија 10×15 cm, со резолуциja од 72 DPI.”

 

 

Уплатницата треба да се пополни на следниов начин:

– За членови на фото клубови и фото групи:

– За самостојни автори:

За потврда, копија од испратените податоци ќе ви биде пратена на email адресата која ја внесовте.

Зошто треба да се членува во Фото Сојузот?

Према статутот на Фото Сојуз на Македонија, може да се членува како:

член на фото клуб или фото група, а преку него колективно се членува во ФСМ
или како самостоен автор, каде директно се членува во ФСМ
Можност за самостоен автор е предвидена, за оние членови на Фото сојузот кои сакаат да бидат дел од организација, но од одредени причини не сакаат или неможат да делуваат преку фото клубовите или фото групи .

Самостојниот автор е изедначен со правата и обврските со другите членови на ФСМ.

Фото сојузот на Македонија на сите клубови и поединци членови на овој сојуз им го овозможува следното:

Право да делегира и да бира членови во Председателство на Фото Сојузот на Македонија,
Организирана презентација во рамките на државата (тоа е единствен и најстар струковен сојуз пред државните органи),
Настап на сите изложби во земјата и во странство каде нашиот сојуз членува,
Учество на изложби организирани од FIAP – преку колекции одбрани од Уметничкиот совет на Фото Сојуз на Македонија
Добивање на членска карта, со која му се овозможува непречено снимање, како и доказ пред други лица дека е член на ФСМ,
Учество на семинари кои сојузот ги организира во земјата,
Можност да се учествува на мегународните семинари и изложби за кои сме добиле покана за учество,
Билатерална или мултилатерална соработка со клубовите од земјата и од странство,
Користење на средствата и искуствата што сојузот ги поседува.
Колективно членување во меѓународните институции – FIAP (The International Federation of Photographic Art ),
Право за добивање меѓународни фотографски звања според правилникот на FIAP,
Право за добивање фотографски звања според правилникот на ФСМ,

Секој член на ФСМ е должен:

Да го почитува Статутот на ФСМ
Да ги извршува одлуки на органите на ФСМ
Да работи на унапредување на фотографијата во рамките на своја средина
Редовно плаќање на членарина

Непочитување на статутарните обврски повлекува престанок на членство во Фото Сојуз на Македонија.

Членство престанува и по барање на членот или членка на сојузот.

ПРАКТИКУМ
за основање, организирање и работа
на фото клуб во рамките на
Фото Сојузот на Македонија

Фото Сојузот на Македонија постои повеке од 60 години. Во текот на овој период се стекнаа одредени искуства кои подолу во кратка форма ке ги изнесеме.

Творењето во рамките на фото клубови е најефикасно и најплодотворно од повеќе аспекти ( општествени, педагошки, едукативни… ).

Затоа работењето на постоечките клубови и формирањето на нови клубови е од витално значење за Фото Сојузот.

Преку фото клубовите се подига квалитетот на едукација на новите генерации, а во исто време претставуваат место за дружење и активно работење.

Исто така тие овозможуваат спроведување на поставената програма на еден многу поорганизиран начин, како и сериозен и авторитативен пристап кон обезбедување на финансии преку фондовите во рамките на Министерството за култура, Министерство за наука и образование, Влада на Република Македонија.локалната самоуправа и други невладини организации.

ФОРМИРАЊЕ НА ФОТО КЛУБ

За да се формира фото клуб потребно е:

да се оформи иницијатевен одбор од минимум 5 оснивачи,
Иницијативниот одбор свикува Основачко собрание,
Записник од Основачко собрание,
Список на присуни членови,
Одлука за потписник,
Одлука за избор на председател,
Статут на клубот ( треба да е усогласен со стаут на ФСМ ),
Во записник да стои име на Фото клубот (од Централен Регисатар или преку http://www.crm.com.mk/namereservation/  да се провери да такво име непостои и да се резервира име на клубот. По регистрацијата клубот се зачленува (со пополнување на пристапница) во Фото сојузот на Македонија, каде станува полноправен член и работи према Статутот на Фото Сојузот.

Напомена: Најдобро е сите детални информации околу оснивање на здружение на граѓани да ги побарате во Централен Регистар.

ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ФОТО КЛУБ

Фото клубот се организира со цел да се овозможи негување на фотографијата на еден поцеловит и посистематски начин, организирано проучување и унапредување на фотографската уметност, како и можност групно или поединечно да се презентира и излага творештвото на членовите на клубот.

Одлуките за активностите ги донесува Председателство на фото клуб, а ги реализираат овластените лица ( претседателот, секретарот или некој друг член ) како и надзорен одбор и уметнички совет

Но секако, најбитна е секојдневната активност во клубот која се состои во следното :

Примање на нови членови,
Организирање на семинари,
Организирање на снимања во клубот или на некоја локација,
Размена на искуства помеѓу членови на клубот,
Соработка со други клубови,
Организирање на изложби
Активности во изнаоѓање на форми на финансирање,
Меѓународна активност и
други активносто кои ќе се реализираат во зависност од потребите.

22.01.2010, Скопје Фото Сојуз на Македонија

Comments are closed.