Фотографски сајтови


Денес се слави светскиот Ден на фотографијата


Ова е најстарата постоечка фотографија во светот. Неверојатно, нели?

Благ притисок на копчето, зрак  на светлина и момент заробен засекогаш. Можеби дигитално, можеби на филм, медиумот никогаш не е толку важен како сеќавањето,  или фатениот моментот. Без обзир што е објектот на фотографирањето, фотографијата е начин да се почувствуваат емоциите и контекстот на тој точен момент. Прославете го тоа на овој живописен ден на фотографијата!

Денот на фотографијата е ден со кој му оддаваме почит на неверојатната уметничка форма каква што е фотографијата. Само размислете колку е важна фотографијата и не е тешко  да се види зошто овој датум е важен.

Сите имаме  лични фотографии кои ги сакаме и негуваме, но има и фотографии кои раскажуваат приказна. Тие ни кажуваат за значајни периоди во времето, или ни овозможуваат да научиме повеќе за планетата. На крајот на краиштата, тие велат дека сликата вреди илјада зборови, нели?

Фотографиите со текот на годините стануваат се подобри и подобри, прво со „статична камера“ и можност да се сликаат на тој начин.Тоа не тера да  размислиме за разликите на таа камера со оние од Втората светска војна,а потоа споредете ги со модерните камери. Најголемите скокови во технологијата влијаеја на фотографијата исто како и врз  секој друг аспект на животот .

Со Kodak, Canon и многу други брендови, не беше изненадување кога пазарот на фотографија доживеа огромен скок, а уште повеќе со дигиталните  можности што се нудат, бидејќи камерите станаа се подобри, полесни и едноставни за  користење.

Сепак, покрај сите иновации и креативност, наука, па дури и големата уметност што се јавува во сферата на фотографијата, најважно е  едноставното задоволство од фотографирањето ,но и можноста за  развој на вашите спсобности да уживате во униктноста на фотографиите.

Како да се слави Денот на фотографијата

Зошто сами да не излезете и да фотографирате неколку слики? Пронајдете постара камера и уживајте во чувството и изгледот на филмот од 35мм. Прошетајте и фотографирајте неколку слики за да го зачувате времето во фотографска форма. Направете колаж, кој е мешавина од слики, понекогаш исечени на различни форми од вообичаените правоаголници на фотографии.

Одете во природа, или во зоолошката градина. Можеби некои семејни фотографии;. Или одете во музеј за фотографија, доколку имате во близина да го посетите.

Затоа, излезете, снимете неколку фотографии и можеби ќе снимите „историја“ на годинашниот Ден на фотографија!

Ако сте пак некој кој сака да гледа фотографии, наместо да ги фотографира, или да биде дел од нив, ние ве охрабрувавме да поминете некое време на Интернет, гледајќи во некои од најпознатите фотографии и влијателни автори на сите времиња. Има толку многу иконични фотографии, а вие ќе бидете фасцинирани од нив. Некои од фотографиите се од срце, а други за срце, а некои се само чисти фасцинантни!

 Во секој случај, сите можеме да ги цениме!

Боро Рудиќ – изложба во Софија

Магијата на фотографијата се крие во процесот на создавањето. Таа зрачи. Тоа на прв поглед не се забележува, но таа зрачи од секој нејзин дел.

Фотографијата всушност настанува во некој реален простор, во реално време, со реална перспектива на просторот, но сета таа “реалност“ кога ќе се сублимира во имагинацијата на Авторот, станува  визуелен  предизвик , приказна, односно, слоевит приказ на сето она што го инспирира, возбудува и го принудува да се искаже.

“Појавување и Исчезнување“ е изложба на зрел Автор кој со своето искуство и со своето творештво влегол во период, кој бара од авторот во процесот на создавање на фотографијата, да оди подлабоко во восприемањето на нештата, нивната симболика и порака, допирајќи дури до митското и магиското, кое и покрај сè  и денес е длабоко во нас.

Displaying Untitled_Panorama1 (2).jpg

Фотос е светло, графос е пишување, фотографија е цртање со светло, најсимплифицарана дефиниција на медиумот. И прифаќајќи  ја оваа наједноставна дефиниција, авторот зема храброст да се втурне во авантурата за да ја каже својата приказна за исконската природа, која секогаш нè победува со својата сложеност и тајновитост.

Боро Рудиќ, едноставно, со фотоапаратот го бара мотивот сокриен во ноќта, подалеку од градот, ослободена од вревата и шумот што ја скрнават убавината, и полека како старите раскажувачи, го става фотоапаратот на троножец и со светлото во рака, полека, дел по дел, ја одкрива и раскажува за скриената убавина, потенцирајќи или намалувајќи го интензитетот кон  предизвикот од природата, исто како раскажувачите во минатите времиња, навечер, покрај оган, кога е време за приказни и бајки…Затоа и фотографиите потсетуваат на нив. Да, сè е како што е во природата, и водата и небото, карпите и шумата, ама некако нестварно, видено од еден друг агол, нестварно како еден свет од соништата, а сепак препознатлив и конкретен..

За да се напише ена ваква “Збирка“ од приказни, потребни се денови и денови  размислување, разгледување на просторот, вдишување на воздухот и гледање во ѕвездите и Месечината… цели четири години во потрага по сокриените слики во ноќта кои требаа да се откријат и зачуваат.

Displaying Panorama spreda.jpg

Но на крајот пред нас блеснува природата со сета своја убавина, сокриената нежност и раскош, преточена во слики кои го пленат нашиот поглед.

Овие фотографии преточени во една ретко убава изложба и една несекојдневна монографија, оставаат длабок впечаток.

После Белград и Скопје, во Софија, во рамките на “Месец на фотографија“, секако најголема и најзначајна  фотографска манифестација во соседна Бугарија, на 26. јуни о.г. е отворена Изложбата на фотографии “Појавување и Исчезнување“ во Галеријата “Индустриална 11“, во присуство на членовите на Фотографската академија на Бугарија,   како и други автори и љубители на фотографијата.

Изложбата беше одлично примена и доби ласкави оцени од колегите и публиката.

 

 

Александар Кондев

XF Camera System – Phase One

Новата ѕверка во тешка категорија.  Повеќе »

Tagged , , , ,

Пронајдете го својот израз

Ве водиме низ фотографските искуства на еден автор кој во текстот кој го поврзуваме подолу ги споделува своите искуства во барањето на сопствената фотографска визија. Повеќе »

52 Мајстори на фотографијата – Двејн Мајклс

„Јас сум заинтересиран во природата на нештата. Природата на нештото е сосем различно од тоа како тоа изгледа. “ Двејн Мајклс.  Повеќе »

Tagged ,

52 Мајстори на фотографијата – Џејмс Начвеј

„Бев сведок и овие фотографии се мојотт естамент. Настаните кои ги забележав не треба да се заборават и не смеат да се повторат.“ Џејмс Начвеј  Повеќе »

Македонски времеплов, нормално со помош на фотографија

Често поставуваме линкови од разни купчиња на стари фотографии. Веруваме дека особено може да се научи за фотографијата доколку се има еден дистанциран поглед, Повеќе »

Tagged

Стара српска фотографија

Погледнете како позира Његош, Доситеј Обрадиновиќ (каква зверка!) или кнезот Михајло, кнегињата Јулија и неколку непознати ликови. Повеќе »

Tagged ,

52 Мајстори на фотографијата – Август Зандер

„Во фотографијата нема сенки што не можат да бидат осветлени. “Август Зандер Повеќе »

Tagged ,

Sigma 50mm F1.4 DG HSM Art

Долго време слушавме најразлични прикаски за овој објектив.

Повеќе »