Архива на авторот: FSM

1st International Salon of Photography “Montenegro – Grand Prix 2014”, Црна Гора

Рок до: 18.03. Повеќе »

23. Trierenberg Super Circuit 2013 – Linz – Graz – Bregenz – Wien, Австрија

Рок до: 17.03. Повеќе »

German International DVF-Photocup 2014 – Hessen– Niedersachsen– Baden-Württemberg, Германија

Рок до: 15.03. Повеќе »

2nd EMPA International Digital Salon, Индија

Рок до: 15.03. Повеќе »

1st International Salon of Photography “My Favourite Photos 2014”, Србија

Рок до: 15.03. Повеќе »

3rd JPS International Salon, Индија

Рок до: 10.03. Повеќе »

Изложба на Уметничка фотографија, Младински Салон 2014

Се повикуваат сите автори и авторки не постари од 21 година да земат учество во младинската изложба во ортанизација на фото групата Ф7 од Куманово.

Изложбата е под патронат на ФСМ, со патронажен број 2014/12.

Авторите конкурираат со црно бели и колор фотографии (поединечна или колекции).Максимален број на фотографии е 4 со димензии не помали од 20х30 и не поголеми од 30х40cm.

Измени во роковите за изложбата: новите датуми се следниве-последен рок за испраќање на фотографии е 20 март, а жирирањето ќе се одржи на 22 март.

ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

Почина Чедо Ненковиќ, големиот фоторепортер со уметничка душа

Синоќа почина нашиот драг колега Чедомир Ненковиќ, големиот фоторепортер со уметничка душа.

Познатиот македонски фоторепортер Чедомир Ненковиќ, чии дела оставија длабоки траги во македонското новинарство, а беа објавувани и од многу странски и домашни медиуми и агенции, почина синоќа.

Буби, како што ги викаше неговите пријатели и колеги, а така го викаа и тие кои работеа со него, беше познат не само по својот професионализам, туку и како голем шегаџија, голем другар, и голем поддржувач на младите и надежни фотографи, кои покрај него ја засакаа таа професија.

Зад себе имаше долг работен век, а како фоторепортер работеше во дневниот весник „Вечер“, а од првите денови на формирањето на дневниот весник „Дневник“ беше назначен за уредник на фотографија. Работеше и како дописник на новинската агенција „Танјуг“, а има реализирано и повеќе фоторепортажи за познатиот магазин „Нешенел Џиографик“.

Еден од поистакнатите периоди во неговото творештво беше во времето на косовската криза во 1999 година, но и во оружениот конфликт од 2001 година во нашата земја, а неговите мајсторски фотографии беа преземани од низа светски новински агенции, а за некои од нив доби и меѓународни награди.

Превземено од plusinfo.mk

што е постаро, кокошката или фотографијата?

…или, каква врска имаат фармите за кокошки и фотографскиот занает? Односно, дали се очекува, доколку сте фотограф, да чувате по дома и некое пиле?

Видете од видеото:

52 Мајстори на фотографијата – Вилијам Клајн

„Бидете свои. Јас многу повеќе сакам да видам нешто, па дури и да не е којзнае што, само тоа да не не изгледа како дело од некој друг.“ Вилијам Клајн.

Повеќе »