Вести


Нова Leica со црно бел сензор ?!?

Новитет од Leica? Откако Kodak (шмрц-шмрц) банкротираше, не се знае кој ќе ги прави сензорите на Leica. Но тоа не ги спречува да се појават со новитет на пазарот.

Новата Leica М, нема да е замена за старата и е најавена дека (можеби) ќе има црно-бел сензор и нема да има дисплеј позади. Дали е само маркетиншка финта која игра на старата слава или навистина ќе понуди нешто кое ќе биде вредно за внимание или е само играчка за покажување и фалење? Останува да видиме. Еве ги озборувањата.

Hasselblad Masters awards 2012

Една од најпрестижните ако не и најпрестижната награда, барем од аспект на естетска префинетост и едно длабоко поимање на уметничката фотографија
– Hasselblad Masters е клуб кадешто малкумина се повикани а многумина би сакале. Клуб кој сеуште држи до одредени естетски и етички критериуми. Погледнете ги финалистите тука и победниците тука

Adobe Photoshop CS6 Beta

Како што веќе најавивме, Adobe Photoshop CS6 во Beta верзија, сега е спремен за тестирање.
Една од најпосакуваните надградби е, според компанијата, зголемената брзина на работа. Ќе видиме и секако очекуваме коментари од корисници.

Нов број на BLUR Magazine!

Нема потреба многу да се објаснува дека секој број на BLUR ни претставува особена радост.
Накусо, BLUR претставува една успешна приказна на онлајн бесплатно издаваштво и квалитет. Уживајте