Фотокино клуб ТЕТОВО – Чкрап!

За нас:

Во 1980 година група ентузијасти – фотографи од Тетово, (Александар Настески, Илија Милановски, Драги Неделчевски, Ранко Колевски, Љубомир Стефановски и Зоран Андонов) во Домот на културата “Иљо Антески – Смок“ од Тетово, го основаа Фотокино Студиото при Ликовното Ателје.
Иако и порано во Тетово имало фото клубови и луѓе кои активно фотографирале и изложувале фотографии на изложби, “Студиото“ за првпат ја негуваше фотографијата на еден сериозен, активен и креативен начин. Имаше комплетна лабораторија за црно-бела фотографија, се организираа изложби на фотографии (групни и самостојни) на членовите. Во 1995 година “Студиото“, (кое беше дел од Ликовното ателје при Домот на културата), беше домаќин на најпрестижната изложба на фотографии во Македонија – Денови на македонската фотографија.
Со промените кои се случија во Македонија и Тетово, на почетокот на XXI век, Фотокино Студиото беше исфрлено од Домот на културата. Фотографите останаа без фото лабораторија, без простор за работа и изложување фотографии…
Поминаа неколку години. Во меѓувреме во светот на фотографијата се случија крупни, револуционерни промени. Дигиталната фотографија се повеќе ја истиснуваше аналогната, процесорите ги заменија филмовите. Со експанзијата на интернет и евтините дигитални фото камери, фотографијата стана достапна до многумина. Младите се заинтересираа за фотографијата. Сé повеќе живеевме во светот на “сликите“…
Драги Неделчевски и Зоран Андонов – ветерани од некогашното Фотокино Студио, заедно со Самир Љума, Зоран и Маја Пероски, со поттик и помош на нивните пријатели – фотографи од Скопје и Фото сојузот на Македонија, кон крајот на 2003 година го основаа Фотокино клубот “ТЕТОВО“ кој бргу потоа, спонтано, го смени името во Фотокино клуб Чкрап! од Тетово. За кратко време во клубот се зачленија преку 50-ина нови (повеќето млади) членови. Веќе во 2004 беше организирана првата заедничка изложба на фотографии на членовите на клубот. Таа година, 2004, клубот беше домаќин на Државниот фестивал на непрофесионален и аматерски филм како соорганизатор на Кино сојузот на Македонија.
За неколку години Чкрап! стана важен дел од фотографското живеење во Тетово и во Македонија. Се одржуваа семинари за фотографијата, повеќе членови на Чкрап!, меѓу кои повеќето млади фотографи, постигнаа големи успеси на изложбите на фотографија во Македонија и во странство, освојувајќи награди со своите фотографии. Некои членови снимија неколку кратки документарни и експеримантални филмови…
Секоја година, во месец декември се одржува годишната изложба на фотографии на членовите на клубот. Таа стана веќе традиционална и секогаш го привлекува вниманието на медиумите и тетовската јавност. Клубот активно соработува и со други фотоклубови од Македонија, член е на Фото Сојузот на Македонија и Кино сојузот на Македонија… Од 2004 го има и на http://www.chkrap.blogspot.com., а од 2008 година и на http://www.chkrap.com Повеќе години успешно соработува со ЦБЦ “ЛОЈА“ од Тетово. Фотографите од Фотокино клубот Чкрап! од Тетово продолжуваат да живеат со и за фотографијата, се изградуваат како фотографи, ги следат современите трендови, ја подигаат визуелната култура….

Поштенски фах 27
1200 Тетово
http://www.chkrap.blogspot.com

Членови:

  • Александар Стојановски – Цули
  • Боби Дојчиновски
  • Цене Јанчевски
  • Дарко Наумовски
  • Dashmir Ademi
  • Давор Спасоски
  • Дејан Јанев
  • Драган Стаменковиќ
  • Драги Неделчевски < dragi.nedelchevski@gmail.com >, претседател,
  • Драшко Серафимовски
  • Јовица Рафајловски
  • Љубица Бојаџиеска
  • Mensur Mamuti
  • Милена Станишлевиќ
  • Mimoza Veliu
  • Мирче Новаковски
  • Наташа Гечовска
  • Пепи Кочовска – Џинле
  • Самир Љума , секретар
  • Саше Тоиќ
  • Зоран Андонов
  • Зоран Бојаџиески
  • Андреа Ѓорѓески
  • Борче Сиљјаноски
  • Васе Петровски – Аманито >
  • Ѓорѓи Ристоски
  • Миодраг Николиќ – Панта

 

Comments are closed.