Изложба на фотографии „ Јапонија “

Дејан Колевски Кандидат мајстор на Фото сојуз на Македонија со својата изложба на фотографии „ Јапонија “ имаше успешно претставување пред скопската публика . Галеријата на НЛБ Банка станува вистинска место за посета на љубителите на добра фотографија. Така беше и овојпат .

Дејан се претстави со над 40 фотографии во колор и црнобела техника, вешто спојувајќи го неговиот визуелен печат со една навидум туристичка посета на Земјата на изгрејсонцето. Фотографиите имаа колку информативна толку и мошне уметничка нота , што е специфично за пристапот на Колевски. Урбаните кадри беа одлично подготвени за овој тежок медиум како што е принт фотографијата . За оние кои не стигнаа да ја видат изложбата подготвивме галерија која ни ја испрати авторот.

Оваа статија е објавена во Вести.

Comments are closed.