Проследете го интервјуто со еден „нашинец“ кој живее, работи и заработува од фотографија, на другиот крај на земјината топка.
ФСМ: Здраво Милчо. Како си? Во каков период те наоѓаме?
М.Пипин: Здраво. Добро сум. Благодарам на поканата.
Проследете го интервјуто со еден „нашинец“ кој живее, работи и заработува од фотографија, на другиот крај на земјината топка.
ФСМ: Здраво Милчо. Како си? Во каков период те наоѓаме?
М.Пипин: Здраво. Добро сум. Благодарам на поканата.
Еве нешто и за корисниците на Nikon, или за нивните суети или барем за нивните вистински или посакувани миленичиња. Споредба помеѓу два системи од различна (?) класа.
Се сеќавам на фасцинацијата од фотографијата на куршум кој поминува низ јаболко, на пионерот во оваа област, фотографот Harold Edgerton. Прв пат ја видов во Политикин Забавник, како основношколец. Се сеќавам како ја гледав со часови, без мисли и јасен мотив зошто. Видеово зборува за границата која оди милиони пати побрзо. Приказната е техничка, можеби гиковско-хипстерска, но веруваме за дел од вас интересна. Погледнете го видеото:
Мислите дека вашата најнова камера е ѕвер? Можеби. Познавачите велат дека ова се најдобрите камери на светот. Ако не се најдобрите во онаа смисла која нас најмногу не интересира, секако ова се најмоќните машини со неверојатен динамички опсег. CCD сензор од 112 мегапиксели, без никаков филтер, за што подобар квалитет…
Летото сеуште не држи, па во опуштен манир го споделуваме видеово, како се прави ТЛР (twin lens reflex) камера, од картон.
Kiel Johnson’s Cardboard Twin Lens Reflex Camera Time Lapse from Theo Jemison on Vimeo.
Еве едно видео кое можеби ќе ве размрда на горештиниве. За среќа, не е тоа што мислите. Неверојатни – нтересни гримаси под дејство на силен ветар.
и галерија
Веруваме дека сите оние кои барем еднаш помирисале хемикалии од аналогното време или барем еднаш испечатиле фотографија, ова видео ќе ги освои. Погледнете еден од последните претставници од видот во изумирање – уличен фотограф.
Претходно известувавме дека се зборува за банкрот на Кодак, сега веќе тоа стана извесно. Не знаеме дали некои негови производни линии ќе преживеат, но секкао со носталгија ќе се сеќаваме на неговите емулзии.
Кодак, односно неговиот креатор и сопственик George Eastman се одговорни за „популаризацијата“ на фотографијата, што во превод, од наш агол донесе во денешно време до крајна девалвација на медиумот, а на јазикот на компанијата едноставно до профит – не издржаа во борбата во која можеби беа и првите пионери.
Во чест на Кодак, и покрај горенаведеното, несомнено заслужен и за тоа што ние ова го пишуваме а и вие го читате, заслужен за развојот на фотографијата воопшто, ви нудиме една галерија од првите рекламни кампањи за Autographic Kodak Camera, 1914-1932.
И уште една галерија, на разни култни икони од Кодак .
Ова драги наши не уверува во вредноста на медиумот кој сите го практикуваме, на сајтот на ВВС, се најдоа ретки фотографии кои ја покажуваат првата концепт-лизгалка, нешто што во денешно време е секојдневие. Веројатно да не постоел фото апаратот, тешко ќе можевме да се внесеме во таа сцена на начин на кој овие неколку фотографии ни овозможуваат. Уживајте.