Во чест на Кодак

Претходно известувавме дека се зборува за банкрот на Кодак, сега веќе тоа стана извесно. Не знаеме дали некои негови производни линии ќе преживеат, но секкао со носталгија ќе се сеќаваме на неговите емулзии.
Кодак, односно неговиот креатор и сопственик George Eastman се одговорни за „популаризацијата“ на фотографијата, што во превод, од наш агол донесе во денешно време до крајна девалвација на медиумот, а на јазикот на компанијата едноставно до профит – не издржаа во борбата во која можеби беа и првите пионери.
Во чест на Кодак, и покрај горенаведеното, несомнено заслужен и за тоа што ние ова го пишуваме а и вие го читате, заслужен за развојот на фотографијата воопшто, ви нудиме една галерија од првите рекламни кампањи за Autographic Kodak Camera, 1914-1932.
И уште една галерија, на разни култни икони од Кодак .

Оваа статија е објавена во Занимливости.

Comments are closed.