Појавата на дигиталната фотографија дефинитвно донесе многу олеснителни околкности во процесот на генерирањето-творењето или уште подобро раѓањето на фотографијата како краен производ. Но, како што велат американците: нема бесплатен ручек, т.е, со тие леснотии таа донесе и нови дилеми кои што кај аналогната фотографија не постоеја. За што се работи? Имено, една од дилемите е: кога дигиталната фотографија како краен производ е конечна?
Сите ние што снимаме во RAW неопходно е да користиме некој конвертор со кој што ќе ја конвертираме фотографијата во tiff или jpeg формат зависно од намената на истата. Свесни сме дека секој ден се појавуваат нови софверски алатки за конверзија обработка (манипулација) на фотографијата како и нови дигитални филтри за истите алатки. Со примената на истите секогаш се добиваат различни производи т.е, фотографии. Затоа се наметнува прашањњето: КОГА е фоторафијата конечна? Мојот личен став и одговор на ова прашање е: Таа е конечна во моментот кога ќе биде ПОТПИШАНА од авторот и ОБЈАВЕНА. Под објавена не мислам само на фотографии објавени во печат како илустрации во книги, проспектен материјал или календари.
Под објавена мислам на печатена фотографија објавена-изложена на изложба на уметничка фотографија, ликовен салон-галерија или како крајната цел на печатената фотографија-обесена како ликовно дело во стан за живеење, деловен простор и сл. Со овој вовед дојдовме до дилемата на овој есеј: Дали дигитално печатените фотографии како конечни ликовни дела треба да се потпишуваат од авторот или не? На ова прашање не постпи универзален оптшприфатен одговор? Има ставови за и против. Ставовите кои што се против за мене лично се неприфатливи, неаргументирани и неоправдани. Зошто? Во овој правец можеме да дискутираме многу ама само до моментот додека не ја оствариме целта на секој фотограф: печатената фотографија како конечно ликовно дело не биде ПРОДАДЕНА т.е КУПЕНА од некого за одреден финансиски износ. Во тој момент целата дискусија околу потпишувањето или не на фотографскиот принт паѓа во вода. Секој, ама баш секој што сака да купи такво ликовно дело има право истото да го купи со потпис на авторот и уште повеќе да знае како е снимена, обработена и најважно одпечатена фотографијата (овде мислам на каков материјал и со каква технологија). Зошто? Па од проста причина што секој што дава пари за нешто, поготово за ликовно дело кое што само по себе нема реално мерливи финансиски вредности, туку само индиректни преку името на авторот, мотивот, ликовната и естетска содржина на истото и неговата ТРАЈНОСТ како такво.
Трајноста директно зависи од материјалот на кој што е печатено делото( НЕ е сеедно дали е тоа Hahnemuhle, Canson, Breathing color итн. или некоја NO NAME хартија, и пред се дали се користени оригинални цертифицирани мастила за плотерот или се користени наливни мастила со непознато потекло). И според мене секако дека треба да се наведе и бројот на копијата споредена со декларираниот максимален број на копии шти ги гарантира авторот. Ова не е само маркетиншки трик за да се наведе купувачот да плати поголема цена за делото, ова е битен параметар со кој што секој автор ќе си го гради понатака имиџот, а воедно и купувачите ќе добојат некоја мерлива димензија за делото што го купуваат.
Владимир Арсовски, јуни 2012