Во центарот за визуелни уметности Батана во Ровињ, Хрватска во петокот, 10.08, беше отворена изложба фотографии на македонскиот фотограф, Душан Доцевски под наслов Hand Prints.
Улични сцени, портрети, човечки раце и пејсажи се основните мотиви со кои Доцевски се претстави пред Хрватската публика.
Доцевки користи аналогна технологија и работи црно-бела фотографија на која доминираат портрети на безимени луѓе од улица, отисоци на човечки раце и пејсажи со испукана, сува земја; преку кои авторот сака да ја покаже загриженоста за иднината на човештвото поради глобалното затоплување и загадувањето на животната средина.