Во преполниот простор на фоајето на Центарот за култура во Битола, на 20 август, во склоп на Битолско културно лето Битфест 2012, беше отворена првата клубска изложба на Фото Кино Клубот од Битола.
Фото Кино Клубот Битола е релативно млад клуб, основан во март 2012, кој брои 30 членови фотографи аматери и професионални фотографи.
Преку изложбата со наслов „Почеток”, на слободна тема, со 30 фотографии се претставија Буневски, Чунговски, Фидановска, Нале, Кулевски, Брачиќ, Поповски, Мавровска, Мемедовски, Јанковска, Стојановски, Михајловска, Велевски, Атанасов, Сашо Паркет,Јанковски, Ангеловски, Петровски, Дупчинов, Тасевски, Фиданов, Георгиев, Силјанова, Талевска и Бакревски.
Изложбата ја отвори претседателот на клубот Игор Јанковски.
Во прилог Галерија на фотографии од отвoрањето на изложбата.