Погледнете ја галеријата од неколку фотографии на фотографот Irving Penn. Ништо спектакуларно, ама можеби на сите ни е збоктисано од „спектакуларни визуелни надразби“ кои остануваат само по неколку секунди во краткотрајната меморија, до следниот клик. Овде повеќе станува збор за суптилен израз, минималистички пристап и добар пример како едноставни креативни решенија можат да бидат многу ефикасни.














