Иако веројатно на повозрасните терминот самит ќе им поттикне некои поразлични асоцијации кога е собиранка на луѓе од бившите југословенски простори, секако дека ова е една интересна форма на контекстуализација на соверемените фотографски текови.
На самитот се предвидени работилници, изложби, предавања и презентација на работата на фото сојузот на Србија.
Целта според организаторите е да се надмине културната криза на овие простори како и да го реафирмира балканскиот културен простор. Да веруваме дека тоа не значи само „лесковачка“, и течности со висок процент на алкохол, туку еден вистински обид за зајакнување на врските помеѓу луѓето од нашава фела.
Повеќе можете да прочитате на страната на ФК Лесковац
Pingback: UPOZNAJTE SE SA DRUGIM SAMITOM FOTOGRAFA EKS JUGOSLAVIJE « Foto klub "Leskovac"