Пренесуваме информација за конкурс за фотографии од Скопје. Ставот на редакцијата е дека е во ред да се пренесат информации кои се поврзани со фотографијата, но секако дека сметаме дека треба да се оградиме од содржината на огласот. Иако е јасно дека организаторот нема искуство во организирање на вакви нешта но, како по правило на овие простори, не се бара помош од некој кој знае тоа да го направи туку, „сите знаат се“, па така имаме конкурс на кој селекцијта ќе ја прави „познат македонски фотограф“ фала Богу не знаеме кој е, претставник од градската власт и претставник од организаторот. Е сега, може само да се претпоставува како ќе бидат третирани фотографиите, можеме да спекулираме како ќе се сведе изборот на фотографии и она што можеби е најкритично е тоа што изборот на самата поставка креира одредени стандарди и пренесува порака-просто кажано, не е тешко да се претпостави дека фотографии кои не ги запазуваат основните премиси да бидат изложени, ќе го најдат своето место на изложбата или недајбоже ќе бидат наградени па така, оние автори со помалку искуство ќе ги гледаат нив како пример за добро фотографско дело. А каков третман добива фотографијата, подобро и да не зборуваме. Со надеж дека ова погоре се крајно погрешни претпоставки, го пренесуваме текстот во кој се објавува конкурсот :
„Скопје сити мол“ објави конкурс за фотографија, на тема „Скопје од мој агол”.
Конкурсот почна на 13 ноември, а ќе трае до 27 ноември.
За најдобрите 20 фотографии „Скопје сити мол“ по завршување на конкурсот ќе организира едномесечна изложба во рамките на трговскиот центар. Во стучната комисија за избор на најдобри фотографии се: претставник од градската власт, познат македонски фотограф и претставник на „Скопје сити мол.
Фотографиите треба да се испратат во дигитален формат за преглед како JPEG или TIFF, не поголеми од 5MB, на konkurs@skopjecitymall.mk заедно со основни податоци и контакт детали (име,презиме,возраст и адреса за авторот). Секој од учесниците треба да испрати најмногу три отографии со име и датум на фотографијата, опис за мотивацијата во една реченица и каков фотоапарат е користен за истата.
Сашо Н. Алушевски, одговорен уредник