Дали фотографијата е мртва?

Во монархиите кога кралот ке умре и се прогласува нов крал се вика “Кралот е мртов, да живее кралот”.

Навистина далеку е од умот дека фотографијата е мртва. Поточно, треба да се запрашаме која фотографија изумира. Во кратки црти ке се потрудам да ги искажам моите размислувања за ова прашање.
Со појавата на фотографијата во првата половина на 19-тиот век, на цел глас се зборувало дека фотографијата ке го уништи сликарството. За ограничените умови, сликарството беше практичното забележување на реалното со сликарска метода. Точно таквото сликарство исчезна, сите оние кои се занимаваа со документарно сликарство, мораа да се повлечат пред ефикасноста на фотографијата на тоа поле. Но што се случи? Сликарството ослободено од стегите на документарноста доби креативен подем и годините што следеа, се едни од најславните страници во историјата на сликарството и уметноста.
Фотографијата од друга страна, беше прифатена како рамноправна уметничка дисциплина со свои изрaзито естески, технички и креaтивни одлики, таа станува базичен медиум на новите визуелни уметности базирани врз техничката револуција/филм, видео, исто како и сликарството кое е базичен медиум за визуелните уметности како графиката и дизајнот.
Но, појавата на дигиталната фотографија, не претставува само технолошка револуција. Во основа таа е и социјална револуција. Експлозијата на слики создадена со “гаџет”-ите, како телефоните на пример, доведе аналогно на она што се случуваше во 19-иот век кога сликарите минијатуристи, ќе исчезнат од пазарот и од уметни;ката сцена, така сега исчезнуваат оние кои фотографијата ја работеле како занимање или занает.
Денес секој може да фотографира. Големото техничко знаење кое беше потребно да се направи фотографијата е сублимирано во фотографските програми и чипови.

Она што ја одушевуваше публиката како брилјантна техничка изведба денес е исклучително лесно да се постигне. Замислете денес еден Ман Реј со неговите соларизации буквално е надминат, и тие повеке се дел од Историјата на уметноста отколку визуелен предизвик, бидејки наместо сложената фотографска постапка сега имаме само едно притискање на копчето на тастатурата, па како вредност на делото останува идејата на авторот а не техничката постапка.
Денес се патува по целата планета и нема мотив кој не е достапен за обичниот љубител на фотографијата, значи повеќе нема ни ексклузивни мотиви, кои своевремено ги одвојуваа одредени автори од други, односно да бидат на местата кои се екслузивно одредени за нив.
И секако ќе си го поставите прашањето , па кој дел односно која фотографија ќе преживее?.
Одговорот е јасен и видлив, но само еден дел од фотографската јавност не го гледа или несака да го види.
Ке остане онаа фотографија кој во себе ќе има креативност, која ќе носи вистинска порака, која со помош на фотоапаратот ќе понуди нови идеи и гледања, фотографија која ќе биде предизвикувачка. Зошто уметноста за разлика од документот и кичот, се доживува трансцедентално, метафизички, ментално и субјективно, а тоа не соодветстува со мислењето дека уметноста е преслкување на природата/мимезис според Аристотел.
Секако ќе отпаднат како сув лист фотографиите, кои се направени по баналните клишеа кои ги гледаме по салоните и изложбите на фотографии како во земјата така и во странство. Тие автори можат да се кријат зад звања во асоцијациите и стекнати репутации, но времето ќе го направи своето и тие дела како и многу други нема да го преживеат судот на времето.

Сето ова излагање е во рамките на моите размислувања за “чистата” фоографија.
Дигитализацијата создаде една подгрупа или еден нов медиум кој условно го нарекуваме “Дигитал Арт”. Тоа не е фотографија, зошто дел од неговите творечките постапки се преземени од сликарството а дел од фотографијата. Него го напаѓаат и фотографите и сликарите.
Треба да бидеме праведни, тоа е нов вид на уметност. Таа уметност треба полека да оформи своја естетика дури и свои клишеа, што е карактеристично за сите уметности. Користејќи го просторот мегу фотографијата и сликарството во зависно од имагинацијата на авторите ќе бидат повеке или помалку вреднувани, но делата, никако нетреба да се исклучуваат од креативниот простор или пак да им се оспорува уметничката вредност.
На фотографите, им претстои долг и тежок пат за да ја откријат но и да ја освојат новата слобода и новите можности што ни ги дава технолошкиот напредок. Исклучивоста, држењето до старите клишеа, затвореноста кон новите сознанија, само ќе доведе до болно соочување со вистината на оние фотографи кои несакаат да ги видат овие промени.

Панта реи-рекол Демокрит, се тече, така и фотографијата.

Александар Кондев

Оваа статија е објавена во Колумни, Редакција.

Comments are closed.