Најпознатата фотографија во светот

Доколку како критериум за најпозната се земе која фотографија ја виделе најголем број луѓе во светот, тогаш резултатот ќе биде за многумина изненадувачки, за некого разочарувачки. Исто така, сето ова може да се чита како можен патоказ на каде ќе се движи фотографијата во иднина.

Титулата на најпозната (фотографија, а можеби и воопшто, визуелна 2Д слика) и припаѓа на фотографијата со назив “Bliss” од авторот Чарлс Орир.

Се проценува дека оваа фотографија ја виделе околу милијарда луѓе. Таа е направена во 2002 година и веднаш потоа е пренесена низ целиот свет како десктоп позадина на компјутерите со оперативниот систем на Microsoft, Windows.

Орир оваа фотографија ја направил додека бил на одмор во Калифорнија. Тој никогаш не кажал колкав хонорар добил од Microsoft за користењето на правата за оваа фотографија.

Оваа статија е објавена во Занимливости, Редакција.

Comments are closed.