Една иницијатива за секаков поздрав и почит, И од естетска и од хумана димензија. Станува збор, за спонтана иницијатива на Букбокс, 12 твитер девојки, двајца професионални фотографи (Владимир Тасевски и Димитар Петровски) и една дизајнерка (Гордана Војнеска), направија хуманитарен дигитален календар кој ќе се промовира на 23.12.2012 (недела) во кафе „Ли“ од 20 часот.
Календарот ќе биде доделен како донација на Здружението за борба против рак на дојка „Борка“, кое ќе го користи за промоција на своите активности.
Ако ви се бендиса некоја од фотографиите кои ќе бидат изложени, а кои се наоѓаат на календарот (портрети/актови), купете ја, и на тој начин учествувајте во набавка на новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства, со посредство на Црвениот крст на град Скопје.
Календарот на off.net.mk
Календарот по промоцијата ќе може бесплатно да се симне од сајтот на „Борка“ (www.borka.org.mk), како и од партнерски сајтови – пријатели на акцијата, во форма на компјутерски позадини.