Радикална промена на технологијата на изработка на објективи?

Тим на научници од Харвард (Harvard School of Engineering and Applied Sciences) предводени од изстражувачот Federico Capasso тврди дека пронашле начин кој радикално ќе ја измени технологијата на објективите како што ги знаеме. Дека тие драматично ќе ја намалат нивната димензија и маса и дека ќе имаме совршено проектирани слики на нашиот фото-осетлив материјал.

Станува збор за интересно враќање кон основната физика на светлината, односно кон базичната технологија на камера опскура, секако на многу поконтролиран начин.

Нивните објективи се „дебели“ 60 нанометри. Тоа се плочки од силикон, врз кој е нанесен слој од злато кој потоа во одредени полиња е избришан. Таквиот пристап создава контролиран пат и пад на светлосниот сноп, на начин кој, според нив до сега е незамисливо добро контролиран а загубите се драстично помали

Тие исто така тврдат дека овие објективи ќе немаат никакви дисторзии и аберации и, со нивните добро контролирани зони (различни геометриски форми) низ кои поминува светлината, сликата ќе биде подеднакво остра и квалитетна како во центарот така и на периферијата, нешто од кое современите објективи реално сеуште патат.

Информациите се сеуште оскудни и секако ќе помине некое време додека еуфоријата и прашината спласнат. Но дел од критизерите тврдат дека станува збор за изум кој има специфична употреба и нема да биде за широка јавност. Времето ќе покаже.

Најверојатно овие објективи, доколку навистина профункционираат, ќе бидат тестирани на мобилни телефони и слични уреди па дури потоа би можеле да најдат реална примена во посериозниот пристап кон фотографијата.

Оваа статија е објавена во Занимливости, Редакција.

Comments are closed.