Познатиот фотограф од Струга Славица Панова, во КИЦ „Култура 365“, во сабота на 26-ти јануари ќе одржи самостојна изложба.
Изложбата насловена како „Боите на ветрот“ ќе биде свечено отворена во 19:00 часот. Панова ќе се претстави со одбрани фотографии.
Родена во Струга на 15. мај 1980. година, инспирацијата често ја наоѓа во родниот град. Објективот на Панова овековечува дел од животот во градот на Црн Дрим, но и многу пошироко. За своето творештво вели: – Има денови кога едноставни работи се среќа, сами по себе. Јас сакам да ги споделам тие работи и таа среќа.
Дел од најубавите фотографии на Славица можете да погледнете и на нејзината официјална веб страница.