Занимање: официјален фотограф на бордели

Марк Мекендрус во текот на пет години го фотографирал животот во “Nevada Rose“, легален бордел во руралниот дел на Невада.

Најчесто доаѓал наутро, пред борделот да биде отворен или кога девојките имале помалку работа, притоа трудејќи се да ги улови во моменти кога не се свесни дека тој е присутен со својот апарат. Широки кадри го прикажуваат просторот “зад кулисите“, како и атмосферата во “Nevada Rose“ кога девојките се одмараат или се подготвуваат за своите клиенти.

Со работата на овој проект Мекендрус добил дозвола за фотографирање на речиси сите јавни куќи во Америка.

Фотографиите можете да ги погледнете тука.

 

Оваа статија е објавена во Авторска фотографија, Занимливости, Редакција.

Comments are closed.