На 25ти март со почеток во 18.00 часот, во просториите на ФКК Козјак свое излагање ќе има претседателот на фотографската асоцијација УПИ (UPI http://www.upiphoto.com ), Мецакис Манолис на следниве точки:
Дигитална презентација на неговото творештво
Дискусија
Презентација на УПИ
Според нашите информации излагањето е од отворен тип и ФКК Козјак ги повикува сите заинтересирани да ја посетат презентацијата.


