Патувачка изложба на фотографии од „ National Geographic “ денеска во 13 часот ќе биде отворена во Куршумли ан.
Постановката ја сочинуваат 60 фотографии објавени на порталот за Западен Балкан на „ National Geographic “.
Изложбата првпат е поставена во Вашингтон, САД, во јуни, минатата година со цел промовирање на јавното пуштање на порталот, чија цел е да го поттикне регионалниот туризам и да помогне во формирање силна мрежа за разработка на разни иницијативи од регионот.
Земји-учеснички, односно членови на Советот за геотуризам се Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Од Скопје изложбата ќе продолжи низ Балканот и Европа.