Почитувани,
Ве известуваме дека рокот за прием на фотографии за Денови на Македонската Фотографија е поместен. Краен рок за прием на фотографии е понеделник, 17ти Јуни 2013 година. Жирирањето ќе се одржи на 19ти Јуни, во просториите на Кинотека на Македонија, со почеток во 17.00 часот. Останатите услови се исти. Ги очекуваме ВАШИТЕ ФОТОГРАФИИ !!!
Фото сојузот на Република Македонија со задоволство ги објавува пеесет и првите Денови на Македонската Фотографија.
Се повикуваат сите автори и авторки, жители на нашата земја да ги испратат своите дела на оваа манифестација од суштинска важност за сите нас.
Особено сакаме да ги охрабриме младите автори и авторки да ги испратат своите дела во младинската секција.
Манифестацијата Денови на Македонската Фотографија оваа година е збогатена и со други дополнителни активности, за кои тековно ќе бидат поставувани дополнителни информации.