Нема веќе пиратски фотошоп?

Од  Adobe најавуваат дека веќе нема да има понуда на програмите од СЅ пакетот на начинот на кој сме досега навикнати.Односно, купување диск или  симнување на програмата и инсталирање на локалниот диск и купување на правата за инсталација туку, сето тоа се сели на нивниот Creative Cloud. Со разни модуси на претплата за пристап. Тоа во пракса значи дека нема веќе да постои можност за пиратско користење на најпознатата програма за обработка на фотографии.

Ова во голема мерка е  следење на современиот тренд кој како ефекти ги има се помалите потреби од ангажирање на локалните машини за простор и процесирање, со брзиот интернет пристап кој одамна не е проблем.

Тоа што, барем нас не изненадува е фактот што е јавна тајна дека најголем број на пиратски верзии, на Adobe, како и на други познати програми, ги објавува самата компанија, по РТР каналите, од едноставна причина што од армијата на нивни корисници, мал е бројот на оние кои навистина можат да си ги дозволат нивните услуги, а доколку не се пуштат пиратските верзии за користење, тогаш како на пример Photoshop-от би го задржал атрибутот на најпозната и најкористена алатка за обработка на фотографии. Тоа е од една страна. Од друга пак се познати искуствата од неколку продукции на игри кои го направија истиот чекор во изминатиот период и сеуште не се најде начин да се заобиколи плаќањето.

Останува да видиме. Она што го знаеме е дека за аналогна лабораторија не треба сериски број и апдејт секој месец.

Повеќе информации ТУКА и ТУКА

Оваа статија е објавена во Вести.

Comments are closed.