
На линкот подолу, оние кои лесно се снаоѓаат со англиски можат да најдат едно интересно и добро објаснување(од морето слични) на принципот на хармонија во композицијата (не само фотографска) кој е колку психолошка, социјална, психофизичка толку и објективна и субјективна категорија.
Заради тоа е предмет на објаснувања и идеал кон кој уметниците се стремат од антиката до денес, аналитичарите се обидуваат да го објаснат, критичарите да го искористат. Тоа што на природата изгледа дека така лесно и успева а за некои луѓе некако останува само повторно и повторно да го откриваат, математичарите да ја цртаат и мерат а уметниците повеќе ја чувствуваат отколку што ја рационалицираат, (со исклучок на Леонардо, кој ги имал и двете способности). Од куќичка на полжав до теорија на фрактали. Објаснување од геометрија до примена – ЛИНК


