Најмалиот ДСЛР апарат, Canon EOS 100D

Canon, го збогатува и онака збунувачкиот пазар со уште една класа на производи. Станува збор за најмалиот дигитален СЛР апарат кој е до сега направен, Canon EOS 100D 

EOS 100D е тежок само 407 грама, а неговите димензии се 116,8 х 90,7 х 69,4 милиметри, и со тоа е најлесниот и најмал АПС-Ц ДСЛР било кога направен. Ќе има 18 мегапиксели, екран осетлив на допир и слични шминки. Според препораките на компанијата цената за телото е 670 евра, додека во пакет со стандардниот кит објектив EF-S 18-55mm, 3.5 -5.6 ќе чини 823 евра.

Оваа статија е објавена во Вести.

Comments are closed.