Патагонија – изложба на Луис Алберто Франке

Луис Алберто Франке е Аргентински фотограф, релативно добро познат на нашата фотографска публика, во голема мерка преку неговото редовно присуство на Фотомедиа, во последните неколку изданија. Тој е индустриски инженер и аматерски фотограф. Од 1988 година патува во Јужна Патагонија, каде што прави направено неколку фотографски приказни за рурални работилници и работници од Патагонија. Неговата фотографија покажува пејсажи, луѓе, а особено тие го отсликуваат животот во руралните средини на огромните фарми. Тој е член на групата “Fotográfico Parque” во Аргентина, а и член на Фотографското друштво на Америка (ПСА) и работи како регион ПСА директор за Јужна Америка од 2009 година.
Тој учествувал на многу национални и меѓународни салони на фотографија и има добиено повеќе од 6.000 награди во повеќе од 40 земји.
 FAF го одликува со звањето EFAF во 2009 година, а FIAP го одликува со EFIAP / В во 2011 година,  во PSA Луис Алберто Франке важи за Голем мајстор во фотографија (GMPSA) титула добиена во 2012 година.
Неговите фотографии се од далеку препознатливи по неговиот пристап до приказните на „малите луѓе“ специфичниот колорит и светло.
Изложбата е во организација на ФКК Козјак, во Кавадарци, на 07. јуни, 2013 година.
Оваа статија е објавена во Вести, Редакција.

Comments are closed.