Мајски Салон

Петата по ред клубска изложба на уметничка фотографија која го носи името Мајски Салон претставува естетски пресек на се она што членовите на Фото кино клубот Козјак го сработија изминатата година.
Поставка на Мајски Салон брои околу 60 фотографии од 30 автори, кои 2012 година своите трудови ги излагаа на бројни државни и мегународни изложби, каде освојуваа високи награди. На овогодинешниот Мајски Салон свое излагање имаат и околу 70 автори, односно ученици од средните училишта Наце Буѓони и Гоце Делчев кои претставуваат проектна група на проф. Тања Соларска. ФКК Козјак ги поканува сите љубители на уметничката фотографија да го посетат отворањето на изложбата кое ќе се одржи на 30 мај 2013 година, во 20.00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев” во Куманово.
Оваа статија е објавена во Вести.

Comments are closed.