Овозможено од Вип и Фото Сојузот на Македонија
Уникатен спој на уметност и 3Г мобилна технологија
Скопје, 4-ти јули 2013 – Вип оператор заедно со Фото Сојузот на Македонија ја организираат првата изложба на професионални фотографии направени и овозможени со помош на напредна мобилна технологија.
Уникатната изложба наречена „Мојот град низ слики“ ќе биде поставена пред Вип салонот во трговскиот центар „City Mall” во Скопје, во сабота, 6-ти јули 2013 од 17 до 19 часот.
Изложбата ја сочинуваат автентични фотографии од различни локации во шест града низ Македонија (Скопје, Битола, Кратово, Штип, Охрид и Тетово) направени од страна на 12 професионални фотографи со помош на т.н. паметни телефони – Samsung Galaxy S4.
Благодарение на напредните карактеристики, достапност, капацитет и брзина на Вип 3G мрежата, фотографиите ќе бидат испратени директно до публиката на изложбата, односно Фото Сојузот на Македонија ќе изврши соодветна селекција и подготовка и веднаш ќе бидат изложени.
– Овој настан е одлична можност да се види и доживее моќта на мобилната технологија, овој пат ставена во функција на уметноста. Благодарение на перформансите и можностите на 3Г мрежата на Вип, посетителите на изложбата ќе можат да доживеат поинаква, возбудлива перспектива на својот град претставена преку уметнички фотографии. Верувам дека овој настан ќе биде инспирација за сите оние што бараат нови предизвици и можности за уметничко изразување, изјави Џакомо Тоњони, Главен маркетинг директор на Вип.
– Партнерството со Вип во оваа активност претставува одлична можност за промоција на уметничките дострели на нашите членови, но и на можностите што ги нуди напредната мобилна технологија која овозможува неограничена и брза комуникација меѓу уметникот и неговата публика, изјави Боро Рудиќ, Претседател на Фото Сојузот на Македонија.
Контакт:
Даниела Н. Стојчевска Корпоративни комуникации Вип оператор моб. +389 77 770 011 e-mail: d.nachevska-stojchevska@vipoperator.mk
Pingback: Изложба за два часа “Мојот град низ слики” | cOoLTuRa.mk