Фото Сојузот на Република Македонија
во соработка со:
– Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје
– Скопско Лето
– Галерија Остен и
– Амбасадата на Република Србија
Во склоп на
ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА 2013
Со задоволство ви ја претставува извонредната колекција
„БИСЕРИ НА СРПСКАТА ФОТОГРАФИЈА“
Колекцијата ја сочинуваат фотографии од архивата на Фото сојузот на Србија собирани од периодот по втората светска војна па сè до 90-те години на минатиот век, односно од таканаречениот златен период на српската/тогашната југословенска фотографија. Период кога фотографијата на овие простори не беше ретроградна, туку, слободно може да се каже авангардна и динамична дури и во светски рамки.
Голем дел од фотографиите кои ја сочинуваат оваа колекција навистина можат да се наречат бисери во кои има што да се види, научи, промисли сопствениот фотографски израз…
Отворање: 17ти Јули, 2013 година, 21.00 часот, галерија Остен.
Галерија на дел од фотографиите