Дејан Бошковски-Изложба на фотографии

Ако подлабоко се проучи Македонската уметничка сцена ке дојдеме до еден чуден заклучок. А тоа е дека нас на овие простори не ни недостасуваат автори, ентузијазам, идеи, нас ни недостасуваат вистински критичари на уметничкото творештво, кои за жал веќе со децении се изгубија од јавноста и од сретствата за јавно информирање.
Затоа е тешко но и одговорно да се пишува еден критички осврт за изложба,
Јас како автор и фотограф, публиката сакам да ги прима моите текстови повеке како есеј или размислување за дадената тема одколку како еден целовит критички осврт.
Првото прашање е како да се направи една изложба.
Едноставно, после еден подолг период на работење чувствуваш потреба тоа што е сторено да го споделиш со публиката. Но што се случува кај младите и неискусни автори кои сеуште се во фаза на истражување на медиумот?
За нив најтешко е да ги хомогенизираат селектираните дела. Тие треба да ги поврзат во некој ред, секоја да ја кажува својата сторија но во исто време изложбата да биде едно унилатерално кажување , една приказна, лична, авторска, која треба да го привлече посетителот и со него да комуницира. По ова прашање, Дејан Бошковски ја одбрал една од најтешките теми, ставајки ја жената во контекст со природата, па паралелно ги вплетува пејсажот и моделот во една целина.
Фотографиите што ги видовме се единствени во содржината но хетерогени во изведбата. Она што мене ми се допадна е што авторот не се концентрирал на фотографските елементи на сликата како : светло, боја, композиција, перспектива, туку сакал да внесе визуелна содржина и дејство, што денес поретко го среќаваме како авторски пристап. Тоа е основната нитка што ја поврзува и ја држи единствена самата изложба. Во желбата да покаже познавање од фотографската постпродукција , непотребно користи повеќе техники на обработка, и со тоа не само што ја нарушува хомогеноста туку излегува и од контекстот на кажувањето.
Секоја фотографија за себе и би можела да егзистира,но покрај успешните фотографии , овие фотографии навистина го намалуваат вкупниот впечаток.
Дејан всушност требал да постапи онака како што е нормално во галериите. Со помош на куратор, или консултант со галериско искуство да ја реализира ова убава идеја, која секако бара макотрпна работа и упорност.
Но прашањето е, дали кај нас има таква пракса односно може ли да најде за соработка такви луѓе.
Му останува искуството што го стекна изготвувајки ја оваа изложба. Ги виде и реакциите на публиката и колегите, а верувам во наредната изложба ќе ги искористи и ќе покаже квалитативен напредок.
Поседува визуелност, желба за креирање на сопствена фотографија, познавање на техниката на фотграфијата и има предиспозиции за стварање на нова и оригинална фотографија.
Александар Кондев

Јули 2013

 

Оваа статија е објавена во Колумни.

Comments are closed.