Изложба на Петернек во МАНУ

Во четврток, 25 јули 2013 во 21 ч. во галеријата на МАНУ ќе се отвори изложба на 35 фотографии од Томислав Петернек, фотограф од Србија. Авторот пред македонската публика ќе се претстават со фотографии кои го документираат животот во Скопје, кога градот беше разорен од катастрофалниот земјотрес во 1963.

Изложбата е дел од проектот „Фотографијата – сведок или жртва“ кој го реализира Македонскиот центар за фотографија со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија и Европската унија.

Томислав Петернек е еден од најпознатите фотографи од Србија. Се занимава со новинска, применета, рекламна, модна и подводна фотографија. Бил долгогодишен уредник на фотографија во НИН и акредитиран дописник при Министерството за информирање на Југославија од значајни фото агенции: Reuters, Eastlight, Contrast, UNICEF, Sygma. Од 1993 работи како слободен уметник. Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија. Живее и работи во Белград.

Оваа статија е објавена во Авторска фотографија, Вести.

Comments are closed.