Моите вечни пријатели – Стените на Трескавец / изложба на Зоран Ивановски

На 19 август во 20:00 часот, во просториите на галеријата Графички колектив во Белград, ќе биде отворена изложбата фотографии на Зоран Ивановски, со наслов Моите вечни пријатели – Стените на Трескавец.

Пред белградската публика ќе бидат изложени 30тина фотографии со портрети на стените од околината на Трескавец. Фотографиите на изложбата се резултат на повеќегодишни истражувања на природата на стените и на себеоткривањето на авторот во нив.

„Секое одење на Трескавец за мене е нова радост и возбудување од средбата со стените – моите вечни пријатели. Да, чест и привилегија  ми е да сум во нивно друштво, во друштво на вечноста, да бидам повремено дел од нив. Секоја нова средба со нив е ново доживување затоа што моите пријатели се побогати со секој нов дожд, снег, со секој нов ден. И така се додека се изненадувам, откривам нешто ново во нив, јас ќе се молам да бидам во нивното друштво, во друштвото на Моите вечни пријатели.“ – за своето творештво вели Ивановски.

Оваа статија е објавена во Вести.

Comments are closed.