Реномираниот француски фотограф Жереми Бишолц ќе престојува во Скопје за да реализира изложба на фотографии за Скопје, која ќе биде поставена во чест на четириесетгодишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје, од 8 до 16 септември 2013.
Како независен уметник фотограф, Жереми Бишолц живее и работи помеѓу Бордо и Париз. Најпрво студирал историја на уметност и ликовна уметност, а потоа и фотографија и историја на фотографијата, со суб-специјалност познавање на фотографијата на филм и дигиталната фотографија.
Паралелно со професионалната кариера, тој работи и репортажи за издаваштвото, изложби и фотографија за специјализиран печат на тема луѓето и нивната околина, културно-историското-наследство, архитектура и урбанизам и современа уметност. Зел учество во изработката на дванаесет книги на тема архитектура и урбанизам, како и во изработката на четири дела кои ја обработуваат поврзаноста на културно-историското наследтсво на земјите и гастронимијата.
Реализирал изложби во Франција, Кина, Ирска, Летонија, Полска и Канада.