Фото клуб Лесковац ги повикува сите заинтересирани фотографи на Третиот Самит на Фотографи од бивша Југославија кој ќе се одржи во Лесковац, од 10 до 13 октомври 2013 година.
Целта на овој самит е унапредување на соработката меѓу Фотосојузите и фотографските организации на тлото на бивша Југославија, а темата на овогодинешниот самит се младите, и работата со младите, унапредување на програмата за млади и можностите за соработка во програмите за млади.
Фото клубот лесковац на сите учесници на семинарот им обезбедува бесплатни влезници за сите настани предвидени со програмата, како и сместување во хотел за релативно ниска надокнада. Оваа понуда важи за сите учесници кои ќе го потврдат своето присуство до 05.10.2013.
Програмата на фестивалот е следнава:
Четврток 10.10.2013
– 17:00
Собирање на учесниците на Самитот на Фотографи од бивша Југославија
– 17:00 – 20:00
Промоција/презентација
Предавање
– 20:00 – 21:00
Разговор за фотографијата
Петок 11.10.2013
– 10:00 – 13:00
Панел дискусија Младите и фотографијата
-Работа со млади
-Унапредување на програмата за млади
-Можности за финансирање на програмите за млади
– 13:30 –14:00
Отвање на изложба на фотографии од млади автори
– 17:30 – 19:00
Предавање Јазикот на новата фотографија – Доцент Ивана Томановиќ
– 20:00 – 21:30
Отварање на меѓународна изложба на фотографии
Сабота 12.10.2013
– 08:30 – 13:00
Фотографирање на терен – кањонот на реката Вучјанка
– 13:00 – 15:00
Ручек во природа
– 15:00 – 17:30
Фотографирање на терен – кањонот на реката Вучјанка
– 18:00 – 19:20
Претставување на работата на Фото организациите на просторот на бивша Југославија
– 19:30 – 20:00
Меѓународен консултативен состанок Можности за соработка на Фото организациите на тлото на бивша Југославија.
Недела 13.10.2013
– 07:00 – 12:00
Фотографирање на терен – општина Лебане
– 13:00 – 15:00
Фотографирање на терен – село Локошница
– 15:00 –
Испраќање на учесниците на Самитот на Фотографи од бивша Југославија