На 1-ви ноември во 20:00 во просториите на галеријата Мала Станица ќе биде отворена изложба на фотографии на Дејан Колевски. Изложбата насловена “Поезијата на секојдневието“ содржи пеесетина црно-бели фотографии.
На изложбата се поместени фотографии во кои централно место има човекот прикажан во урбана средина. Оваа средина е само концептуална рамка која е еден симболички простор исполнет со светло и сенки во кои се наоѓа човекот.
Во фотографиите направени на различни географски меридијани се доловени обични моменти од секојдневието во кои сите ние сме учесници и сведоци. Тоа се мали детали од секојдневието, единствени ситуации кои го прават животот шармантен и возбудлив.
Дејан Колевски е активен член на Фото Сојузот на Македонија. Неговите фотографии се изложувани и наградувани на повеќе државни и меѓународни изложби на фотографија.