Тоа што не го гледа посетителот…

Деновите на Македонската фотографија завршија успешно. Имаше две изложби, работилница и една мултимедијална  инсталација во соработка со операторот ВИП.

Но она што не се гледа, а е основа во организирањето на секоја манифестација, е договарањето,подготовката и одпремата на  изложбите.Тие бараат исклучителен напор ,енергија и внимание, за се да се заврши како што треба. Еден дел од публиката и нашите членови тоа не го гледа и не го цени. Само да потсетам, овој ангажман  на нашите членови е на доброволна основа, без хонорари и плаќање на трошоци.

Inline image 1

Еве како изгледа пакувањето на изложбата “Бисери на Српската фотографија“ во фундусот на Галеријата “Остен“.

Александар Кондев, Скопје, Август 2013

Оваа статија е објавена во Занимливости, Научи.

Comments are closed.