Амин. И аман со тоа видеото! (знаеме дека ќе не пцујат сите на кои тоа им е важно)… ама не убија со него. И со цени на новите камери и со кратење на перформансите во корист на видеото. Новата камера за која се „шушка“ треба да го има истиот сензор како D4 дизајнкако легендарниот Nikon FM2. Една од карактеристиките на FM2 беше неговата ниска цена.
Овој модел, соодветно на современите консумерски трендови, очекуваме да биде „легендарно скап“ и веројатно, како многу ретро-налик обиди во последно време, да има многу шминкерски атрибути, понекој мамец за сериозни фотографи и цена колку солидно сочуван бубрег. Промоцијата му е најавена за 6ти Ноември 2013.
ПОВЕЌЕ ТУКА
Дел од кампањата и спиновите од маркетинг кујните е видеото подолу:
Уште нови спинови за апаратот ОВДЕ.