KaleidoCamera додаток за DSLR

Прототип на уште еден додаток за дигиталните SLR апарати, кој веројатно и ќе најде примена во експериментална, научна и некој вид на документарна намена. Иако не веруваме дека ќе има широка примена кај авторската фотографија, сепак,

принципот на кој работи, може да им се види интересен на дел од читателите.

Станува збор за додаток кој, слично на ЛИТРО концептот, има многу поголем опсег на информации кои доаѓаат до сензорот и кои потоа можат да се манипулираат на разни начини. Од спектрални до длабинска острина. Погледнете го видеото подолу:

 

Оваа статија е објавена во Занимливости, Фотографска техника.

Comments are closed.