Новата понуда на Sony покрај другото нуди и еден интересен компакт:Cyber-shot RX10, со голем сензор ( 4 пати поголем од оној на стандардните компакти), објектив Carl Zeiss Vario Sonnar T* 24-200mm со константна бленда од 2.8 по целата должина…
Според карактеристиките, тоа е на некој начин оживување на старата серија која никогаш посериозно не заживеа, но, доколку цента стане поприфатлива, може да биде добра можност за фотоапарат за патување.
Веројатно најитересното од Sony во периодов се a7 Full-Frame безогледалците, кои исто ги има во две верзии.
На ЛИНКОВ има повеќе информации.
Инаку Sony од првите модели на Mavica, барем што се однесува до фото опремата што ја прави, скоро секогаш има барем по една „бизарна“ понуда. Така, „модулите“, се нешто што личи на објектив, или компир, но во принцип е цел фотоапарат, но за да работи, треба да го закачите на некој паметен телефон. Од таму преку соодветна апликација го контролирате а фотографиите веднаш можете лесно да ги споделувате низ вашите мрежи… Да беше ова некој вид на дигитална Холга, за 20 евра, можеби и ќе правеше смисла, но, поевтиниот модул е 250 долари, што, не веруваме баш дека некој сака да го влечка и приштекува на својот телефон. Детали ТУКА