За релативно кратко време Фото Кино Клуб Битола стигна до својата втора клупска изложба. Учеството на нашите членови оваа година, на разни меѓународни и домашни изложби, со ревијален како и со натпреварувачки карактер, доведоа до голем број на примени како и наградени фотографии кои ќе се најдат на овогодинешната клупска изложба, на која учество земаат 30 автори. Со тоа самата изложба ќе добие еден посебен белег и ќе се постави на едно повисоко ниво, кое во иднина треба да прерасне во традиција. Секако дека не смее да се игнорира и допринесот на помладите членови на полето на фотографијата, кои со својот креативен израз допринесуваат за развојот на клубот, и за сигурно ја претставуваат неговата иднина.
Изложбата ќе се отвори во среда на 20.11.2013 во 19.00 часот во изложбениот салон „Магаза“, Битола.
Повелете!