52 Мајстори на фотографијата – Ансел Адамс

Со големо задоволство ја почнуваме рубриката 52 мајстори на фотографијата, од Драги Неделчевски. Како што и самиот наслов кажува, се работи за рубрика во која еднаш  неделно, ќе се објавуваат куси информации за големите мајстори на фотографијата низ нејзината историја. Ваше е да читате и да истражувате понатаму. Почнуваме со кој ако не со легендарниот Ансел Адамс.

Inline image 1

„Не постојат правила за добри фотографии, постојат само добри фотографии.“  Ансел Адамс

Ансел Адамс (1902-1984) е американски фотограф, познат по своите црно-бели фотографии, главно пејзажи од Калифорнија.Тој исто така е автор на бројни книги за фотографија, вклучувајќи ја и неговата трилогија прирачници (Camera, Negative, Print). Ансел Адамс е соосновач на фотографската асоцијација Група f/64 заедно со други мајстори како Едвард Вестон, Вилард Ван Дајк, Имоџен Канингем и други.Тој го измислил зонскиот систем, техника која им овозможува на фотографите да ја претворат светлината во различни сиви тонови на негативот и фото-хартијата, на тој начин овозможувајќи поголема контрола на крајниот резултат.

 

 

Оваа статија е објавена во Авторска фотографија, Научи.

Comments are closed.